Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Ликот и делото на Гоце Делчев се срцевина и аманет за македонската држава
Македонија

Маричиќ: Ликот и делото на Гоце Делчев се срцевина и аманет за македонската држава

04/02/2024

AA

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ утрово ја предводеше владино-државната делегација во чествувањето на 152-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев, на официјалното одбележување во црквата Свети Спас.
По повод овој свечен чин Вицепремиерот Маричиќ на социјалните медиуми се обрати со пораката:

„Денеска кога го одбележуваме раѓањето на Гоце Делчев, се сеќаваме на неговото големо дело како срцевина на македонската револуционерна и интелектуална борба која се бореше за македонска држава која е еднаква за сите.

Историските факти упатуваат на тоа дека неговото дело и активности станаа движечка сила на политичката идеја за независна Македонија, а Гоце Делчев стана неприкосновен идол на генерации Македонци кои се бореа за остварување на таа идеја.

Гоце Делчев, како апостол на македонската револуционерна борба, беше лидер кој застапуваше вредности кои имаа сила да ја обединат идејата за независна Македонија меѓу прогресивните македонски првенци кои делуваа во сите земји на Балканот и коишто се бореа за правото на македонското население да го оствари својот вековен сон за своја држава.

Делата на Делчев и останатите дејци се дел од балканската историја на споделеност и испреплетеност, како што е всушност и историјата на Европа, којашто ги прифати Македонците и македонската држава како дел од европското семејство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната

22/02/2026
Македонија

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026
Македонија

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ

22/02/2026
Македонија

Како осомничениот убиец од кумановско останал незабележан од институциите?

22/02/2026
Македонија

Министерот Алиу откри колку фабрики за марихуана останале без лиценца!

22/02/2026
Македонија

НЕКОЛКУ СТОТИНИ МАСКИ ГИ РАЗВЕСЕЛИЈА ПРИЛЕПЧАНИ Традиционално, парадата ја предводеа

22/02/2026
Македонија

Луна парк до јуни 2027? Градот во финална фаза на

22/02/2026
Македонија

СО ЛАЖНИ СООБРАЌАЈКИ ИЗВЛЕКЛЕ 3,7 МИЛИОНИ ДЕНАРИ Кривични за четворица

22/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41788
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БАЛИЊАТА КАНАБИС КАМУФЛИРАНИ КАКО „КВАЛИТЕТНИ ЛЕСНИ ПЕРНИЦИ“ Се открива софистицираната мрежа за шверцот со марихуана

22/02/2026

Софистициран канал за шверц на марихуана од Македонија кон Србија функционирал под маска на легална трговија со текстилна стока. Дрогата

Две ретки птици мршојадци пронајдени угинати во Кавадаречко

22/02/2026

Надлежните служби спроведуваат постапка за утврдување на причините поради кои две ретки птици од видот мршојадец биле пронајдени угинати во

6 ОД 10 ФИРМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАНАБИС ЌЕ ГИ ИЗГУБАТ ЛИЦЕНЦИТЕ Министерот Алиу ги соопшти

22/02/2026

Најмалку 6 од 10 лиценцирани компании за производство на канабис во медицински цели, по извршените контроли, се во постапка да

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy