Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Маричиќ: Целата држава е огромно градилиште за нова патната мрежа, во тек е година на инвестиции
Македонија

Маричиќ: Целата држава е огромно градилиште за нова патната мрежа, во тек е година на инвестиции

27/09/2023

AA

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на отворена трибина: „Градиме македонски, градиме европски“, рече дека сега се гради побрзо и поквалитетно и дека од 2017 до 2023 година се вложени преку 1 милијарда евра за изградба и рехабилитација на патишта.

– Целата држава е огромно градилиште за нова и за обнова на патната мрежа. Во тек е годината на историски инвестиции. Станува збор за капитални инвестиции во патната мрежа според европски стандарди. Мрежа од патишта и железница кои ќе донесат придобивки од поврзувањето со Европа и светот. Кои како трајни инвестиции ќе останат за идните генерации, рече Маричиќ.

Тој додаде дека македонските патни коридори денеска се дел од европските коридори, особено со Коридорот 10 и Коридорот 8, кои како што вели Маричиќ ја прават Северна Македонија стратешка точка на Европа и дел од мрежата коридори на Западен Балкан, од суштинска важност за развојот на цела Европска Унија и за развојот на нашиот регион.

– Затоа кога велиме „Ние сме Европа“, тоа има посебна тежина кога станува збор за Северна Македонија како крстосница на дел од најважната европска патна инфраструктура. И не само патна, туку и енергетска затоа што енергетските коридори се пресликуваат преку патните. И во однос на тоа прашање гордо може да кажеме дека нашата земја е во средиштето на мрежата која го овозможува пулсот на Европа, истакна Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ смета дека не може да има развој без развиена инфраструктура и дека не може да има развиена инфраструктура без вложување во транспортната мрежа и без ефикасна транспортна мрежа.

– Затоа оваа Влада е максимално посветена на подобрување на транспортната инфраструктура. Преземени се голем број активности за изградба и реконструкција на патната мрежа, како дел од јадрото и сеопфатната мрежа на европските транспортни коридори, посочи Маричиќ.

Водени од тие перспективи Маричиќ напомена дека Владата е фокусирана на реализирање современа и безбедна инфраструктура според европски стандарди и според стратешките интереси, бидејќи како што кажа Маричиќ „само така ќе ја зајакнеме нашата држава економски, како внатре, така и надвор од нашите граници“.

– Го даваме нашиот придонес, нашите македонските патишта во трансевропската мрежа, за подобро поврзување, побрз и побезбеден превоз на патници и стоки. За да имаме полесен и поедноставен пристап и да го направиме големиот внатрешен пазар на ЕУ наш пазар. Пазар на 500 милиони потрошувачи до кои многу полесно, побрзо и побезбедно ќе стигнат македонските производи. Патна мрежа преку која брзо и без напор ќе се поврзуваат нашите, македонските граѓани со граѓаните на Европа затоа што и ние сме Европа“, порача Маричиќ.

На трибината „Градиме македонски, градиме европски“, која вечерва се одржа во Штип, учествуваа и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, австрискиот амбасадор, Мартин Памер и Ана Никодиновска Крстевска, проректор за меѓународна соработка при Универзитетот Гоце Делчев – Штип.

Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, во организација на Секретаријатот за европски прашања досега се одржаа 4 трибини на различни теми во Скопје, Струмица, Битола и Прилеп.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Жена не може да оди по породување со царски рез во штипската болница, најавена вонредна

01/08/2026

Министерството за здравство најави вонредна инспекција во Клиничката болница во Штип, откако 19-годишна пациентка останала со тешки невролошки последици по

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во 8 часот утрово највисоката утринска температура е измерена во Кавадарци, каде што живата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy