
Мариќ до Вучиќ: Изгуби два килограми за време на интервјуто за Си-Ен-Ен
Изгуби два килограми за време на интервјуто на Си-Ен-Ен, му кажал Mиломир Мариќ од Хепи тв на српскиот претседател Александар Вучиќ.
Српскиот претседател пред два дена даде интервју за Си-Ен-Ен, при што познатата новинарка Кристијан Аманпур го распраша за повеќе теми: настаните во Бањска, косовското прашање, Новак Ѓоковиќ, БиХ и други, а на Вучиќ на моменти му беше очигледно непријатно во текот на интервјуто.
„Можеби е претерано, но килограм сигурно и тоа е логично и добро бидејќи сум дебел“, рече српскиот претседател за констатацијата на Мариќ.
Тој кажа дека му било стресно.