Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Бендевска: Подготвуваме тужба за заштита од дискриминација против државата, недостигаат една третина од учебниците
Македонија

Бендевска: Подготвуваме тужба за заштита од дискриминација против државата, недостигаат една третина од учебниците

05/10/2023

AA

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација подготвува тужба за заштита од дискриминација против Министерството за образование и наука поради недостигот на учебници, изјави денеска претседателката на Комисијата, Весна Бендевска.

На денешната средба со граѓани, претставници на граѓанскиот сектор и локалната самоуправа во Струга, Бендевска нагласи дека Комисијата работи на неколку случаи на структурна дискриминација, односно кога е зафатена голема популација, како што е недостигот на учебници и необезбедувањето бесплатен превоз за студентите и средношколците од приватните гимназии и факултети.

Посочувајќи со бројки, истакна дека од вкупно 123 потребни учебници, на 1 септември недостигале 46, што, како што потенцира, е повеќе од една третина од учебниците во разни одделенија на разни наставни јазици.

Видливо се зголемува бројот на претставки до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, што е и еден од индикаторите дека граѓаните се здобиваат со доверба во работата на Комисијат

Токму поради тоа, подвлече, Комисијата утврдила дека кога не постои учебник како основно средство за изведување наставно-образовен процес, нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со оние што имаат учебници.

– Комисијата донесе одлука и таа се спроведува. Ќе поднесеме тужба пред граѓанскиот суд за заштита од дискриминација од јавен интерес заради недостиг на учебници. Она што го констатиравме во своето работење. Во тој случај, Комисијата ќе биде една странка од спорот и започнува со стратешко застапување на интересите на учениците. Нивни интерес е да добиваат квалитетно образование, а тоа значи учебник по секој наставен предмет, во секое одделение и на секој јазик на кој се одвива наставата. Тужена ќе биде државата, односно МОН. Тужбата ја подготвуваме и ќе ја поднесеме заедно со нашите стратешки партнери, Македонското здружение на млади правници, изјави Бендевска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до

30/09/2026
Македонија

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски

30/09/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ПРЕДНИЧИ ВО ЕВРОПСКИТЕ РЕФОРМИ Левков вели дека актуелниот парламентарен

30/09/2026
Македонија

ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО БИТОЛА ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА Се реконструира

30/09/2026
Македонија

ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ ДРЖАВАТА Се сузбива трговија со дрога,

30/09/2026
Македонија

СУДИИТЕ ЗИМБОВСКА И ГЕРАСИМОВСКИ ВО ТРКА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АПЕЛАЦИЈА

30/09/2026
Македонија

СДСМ ГИ САБОТИРА ИЗМЕНИТЕ НА ИЗБОРНОТО ЗАКОНОДАВСТВО Милошоски ја повикува

30/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45903
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

СОНЦЕ, СЕВЕРЕН ВЕТЕР И СТУДЕНИ УТРИНА Живата во термометрите до 26 степени во Гевгелија

30/09/2026

Утринските часови ќе бидат ведри и постудени, а во текот на денот времето ќе биде сончево. Ќе дува слаб до

150 МИЛИОНИ ЕВРА ОД ЕУ ЗА ЖЕЛЕЗНИЦАТА КОН БУГАРИЈА Николоски во Брисел за големите инфраструктурни

30/09/2026

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, е во дводневна работна посета на Брисел, каде што учествува на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy