Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Манев за убиството на Панче: Палчо веднаш му испука куршум во слепоочницата, останав без зборови
Македонија

Манев за убиството на Панче: Палчо веднаш му испука куршум во слепоочницата, останав без зборови

12/03/2025

AA

Во Кривичен суд денеска продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски, со распит на Велибор Манев, обвинет како соизвршител, а на товар му се ставаат кривичните дела грабнување, две убиства на свиреп начин од кои едно на малолетно лице и едно од користољубие.

Тој на прашањата на својот бранител Горан Бошевски, објасни како го грабнале Панче Жежовски, и како се случило убиството.

Бошевски: Како и кога го грабнавте Панче Жежовски?

Манев: Панче Жежовски го грабнавме на 23.11, мислам. Тоа го имаше и на моите камери кога се доаѓа кај него. На 22-ри дојдоа Палчо и Влатко Кешишев наводно да го проверат местото, како е што е и дали може да се грабне.

Што се случуваше следната вечер?

Манев: Мислам на 23-ти во утринските часови, кога дојдоа пиевме кафе и утрото околу 5.30-6 часот тргнавме кон куќата за Панче да го земеме. Иначе да напоменам дека снимките кои ги гледавме од камерите, не се совпаѓа со ова што сега го кажувам (н.з. поради изместен час на рисиверот на камерите). Така што отидовме кај куќата на Панче. Јас, Боре и Палчо. Ние го чекавме сам да излезе и да го грабнеме, но ладно беше и тој не излезе, ние го чекавме кај пругата. Палчо преку мотрола рече да му се тропне на врата и во самото претсобје да влеземе и да се земе. Јас не можев да се појавам бидејќи ме знае и ми го знае гласот. Одлучи Боре да му тропне на врата и да го бутне внатре и ние да притрчаме да го врземе. Боре настапи така како што му кажа Палчо, тропна на врата, слушнав дека го бутна во претсобјето, видов Палчо како влегува во претосбјето и бидејќи викаше, Панче му ја стави раката на уста, јас пристапив трет, така тој не можеше да вика, бевме под маски не не препозна никој, и бидејќи пријдов ја Палчо се повлече, јас почнав да му ги врзувам рацете, Палчо завлезе во куќата, му го зема телефонот на Панче, од влезната врата ги зеде клучевите, на нив беа и клучевите од колата на Панче, отиде Палчо ја извади церадата од колата на Панче. А, јас и Боре го ставивме во гепек Панче. После тоа се симнавме доле, каде што беше паркирано и Кангуто со Кекишев. Потоа ставивме гориво во колата на Панче и додека сме го ставале горивото, Палчо го фрлил телфонот во долот, потоа се упативме кон веќе ископаната дупка, таму да го спуштиме и да продолжиме кон Скопје. Претходнава вечер земавме две туби за вода од 10 литри и јас и Кешишев отидовме до бензиска и ги наполнивме гориво. Една дизел и една бензин. 

Бошевски: Каде се упативме по грабнувањето на Панче?

Манев: Откако ставивме гориво, стигнавме до дупката. Пред нас цело време возеше пикапот во кој беа Љупчо Палевски и Влатко Кешишев, а во колата позади бевме јас и Боре Видевски. Јас ја возев колата на Панче.

Бошевски: Што направивте со Панче кога стигнавтe кај дупката?

Манев: Го изнесовме кај колата го донесовме до самиот отвор на дупката, која имаше и поклопец. Го спушитвме, за да може да го симнеме доле по дупката. Беше легнат во самиот отвор, за да може да го одврзам, тука не напоменав дека пикапот и Влатко Кекишев останаа 300-400 метри подоле тоа е над самата база кај Македонија пат и остнаа таму да чека. А, Палчо дојде со нас во Цитроенот. И тројцата отидовме горе кај дупката. Откако се наведнав да го одврзувам Панче, Палчо веднаш му испука куршум во слепоочницата на Панче Жежовски. Јас останав, едноставно без зборови, срипав од местото и излегов надвор од шумичката. Застанав таму во некоја состојба, во колабирање бев. Се соземав, се тресев од се тоа што го видов. Во меѓувреме го видов и Боре како излегува молешкум од местото, а со едното око како Палчо го превртува со церада во дупката Панче Жежовски. Стоев така потоа тој дојде до мене и јас го прашав, зошто ова, нели не требаше вака? Тој ми рече вака е почисто, нема што да се секираш. Јас му реков дека не сакам вака да продолжам затоа што за вакво нешто ниту сум помислил, ниту сум со него и тоа беше прв пат. Ме побутна со раката и ми рече „Да не расипуваме пријателство, имаш убава фамилија“.

Бошевски: Како планиравте да го обезбедите Панче да не избега од дупката?

Манев: Имаше бетонски тег во самата дупка, со алка на него, а јас носев синџир за да може да го врзиме за ногата за да не може да се качува нагоре. За да може и грабнатата жена да се спушти и да се замени со Панче. 

Бошевски: По убиството што направивте со дупката?

Манев: Три четири дена стоеше отворена. Потоа Палчо се јави да одиме да го затвориме местото за да не почне да мириса. Јас и Боре го затрупавме местото, мислам дека беше недела и така остана затрупан.

Бошевски: После убиството каде се упативте?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy