Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, АЛАТ, ПЛАСТИКА, МЕСО, МОРСКИ ПЛОДОВИ – ЕУ возвраќа на ударот, еве за кои американски производи воведува царини
Економија

АПАРАТИ ЗА ДОМАЌИНСТВО, АЛАТ, ПЛАСТИКА, МЕСО, МОРСКИ ПЛОДОВИ – ЕУ возвраќа на ударот, еве за кои американски производи воведува царини

12/03/2025

AA

Како одговор на денешното стапување во сила на царините од 25 отсто за увозот на челик и алуминиум од Европската Унија во САД, Европската комисија воведе серија контрамерки за „заштита на европските бизниси, работници и потрошувачи од влијанието на овие неоправдани трговски ограничувања“. 

– Европската унија мора да дејствува за да ги заштити потрошувачите и бизнисот. Контрамерките што ги преземаме денес се силни, но пропорционални. Затоа што САД применуваат царини во вредност од 28 милијарди долари, ние одговараме со контрамерки во вредност од 26 милијарди евра. Ова се совпаѓа со економскиот опсег на американските царини, порача претпладнево претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен. 

Таа нагласи дека ЕУ „длабоко жали“ поради оваа мерка, посочувајќи дека царините во основа претставуваат даноци и тие се лоши за бизнисот, а уште полоши за потрошувачите.  

– Тие ги нарушуваат синџирите на снабдување. Тие носат неизвесност за економијата. Работните места се доведен во прашање. Цените ќе растат. Тоа никому не му треба, ниту на Европската унија, ниту на САД, нагласи претседателката на ЕК. 

Фон дер Лајен потенцира дека трговските односи меѓу ЕУ и САД се најголеми по обем во светот и придонесуваат за просперитет и безбедност на милиони луѓе, создавајќи милиони добри работни места од двете страни на Атлантикот.  

– Цврсто веруваме дека во свет полн со геоекономски и политички несигурности, не е во наш заеднички интерес да ги оптоваруваме нашите економии со такви царини. Подготвени сме да се вклучиме во значаен дијалог. Му доверив на комесарот за трговија Марош Шефчович да ги продолжи разговорите за да изнајде подобри решенија со САД, истакна Фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ секогаш ќе остане отворена за преговори. 

We deeply regret the US tariffs imposed on Europe.

Tariffs are taxes.

They are bad for business, and even worse for consumers.

Today Europe takes strong but proportionate countermeasures.

We remain ready to engage in dialogue ↓ pic.twitter.com/5m1bGZjnsx

— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) March 12, 2025

Шефчович од своја страна нагласи дека американските царини водат во погрешна насока во услови кога трговското партнерство меѓу ЕУ и САД е добро избалансирано и профитабилно за двете страни. 

– За челикот и алуминиумот, споделуваме некои заеднички предизвиците, на пример глобалните прекумерни капацитети поттикнати од непазарните практики. Европската унија е дел од решението за ова, а не е проблем, истакна Шефчович, додавајќи дека ова го прави воведувањето на царините уште понеоправдано. 

Тој нагласи дека за време на неговата минатомесечна посета на Вашингтон со американските претставници разговарале за избегнување на непотребниот товар од мерки и контрамерки, но дека сепак Администрацијата на САД одлучила да продолжи со „штетниот курс на неоправдани царини“, со што на ЕУ не и се остава друг избор освен да одговори на нив. 

– За да аплаудирате потребни ви се двете раце, истакна еврокомесарот за трговија. 

Шефчович најави дека контрамерките на ЕУ на американските царини ќе бидат воведени во два чекора, почнувајќи од 1 април и целосно ќе стапат во сила од 13 април.  

– Прво, од април, автоматски ќе ги вратиме тековно суспендирани мерки за ребаланс од 2018 и 2020 година, ефективно таргетирајќи ги американските стока извезени кај нас во вредност од 4,5 милијарди евра. Второ, Комисијата презема решителни чекори кон воведување пакет дополнителни контрамерки, кои се однесуваат на американскиот извоз во ЕУ од 18 милијарди евра, најави Шефчович. 

Според него, следните две недели ЕУ ќе се консултира со засегнатите страни за обликување на овој пакет мерки, со цел да се балансираат зголемените цени како резултат на американските царини и да се минимизираат последиците по европските бизниси и потрошувачи.  

– Но, ова нарушување предизвикано од царините може да се избегне доколку Американската администрација ја прифати нашата подадена рака и работи со нас за да постигнеме договор. Подготвен сум да преговарам. Ние сме подготвени да го направите тоа, додаде Шефчович. 

Со американската одлука од денеска царините за увоз во САД на челик и алуминиум и на челични и алуминиумски полупроизводи и производи, како што се цевки, жица, фолии, садови за домаќинство, рамки за прозорци, машини, справи за вежбање и одредени електрични апарати и мебел, се зголемуваат од 10 на 25 проценти. 

Дополнително, според најавите, до 12 мај Министерство за трговија на САД треба на листата на производи од челик и алуминиум да додаде и други стоки, кои ќе подлежат на царини од 25 отсто. 

Според проценките на ЕК, овие царини ќе го оптоварат извозот од ЕУ во САД со вкупно 26 милијарди евра дополнителни трошоци, што претставува приближно околу пет проценти од вредноста на вкупниот извоз на стоки од Унијата на американскиот пазар. Царините ќе ги оптоварат и американските увозници со дополнителни шест милијарди евра. 

Со европскиот одговор се предвидува враќање во сила на мерките за трговски ребаланс од 2018 и 2020 година, по истекот на нивната суспензија на 31 март, со што ќе се воведат царини за увоз на широк спектар американски стоки во ЕУ. 

– Бидејќи новите американски царини се значително поголеми по обем и влијаат значително на вредноста на европската трговија, Комисијата на 12 март го започна процесот за воведување дополнителни контрамерки на САД. Тие ќе бидат насочени кон стоки во вредност од приближно 18 милијарди евра, кои потоа ќе се применуваат заедно со повторно воведените мерки од 2018 година. Целта е да се осигура дека вкупната вредност на мерките на ЕУ се соодветни на влијанието врз трговијата на новите американски царини, соопшти ЕК. 

Согласно европските контрамерки, царини ќе се воведат за увозот на повеќе американски стоки, како производи од челик, алуминиум, кожа и дрво, текстил, апарати за домаќинство, домашен алат, пластика, потоа живина, говедско месо, одредени морски плодови, јаткасти плодови, јајца, млечни производи, шеќер и зеленчук. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова

23/09/2026
Македонија

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН

23/09/2026
Македонија

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд

23/09/2026
Македонија

ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ ИЗВАДИЛ ПОТВРДА ОД ЛЕКАР-ДОНАТОР НА СДСМ Манасиевски за

23/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ПЛЕНКОВИЌ ВО ЊУЈОРК Во фокусот – европската перспектива, регионалната

23/09/2026
Македонија

ПОЛИЦАЈЦИ НЕКОЛКУ ДЕНА СПИЕЛЕ НА НИВА ЗА ДА ГИ ФАТАТ

23/09/2026
Македонија

ТУРИСТКА ОД ГЕРМАНИЈА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО ОХРИДСКИ ХОТЕЛ Наредена е

23/09/2026
Македонија

БЕЗ СОПСТВЕНИ ВИ-МОДЕЛИ И ДАТА-ЦЕНТРИ МАКЕДОНИЈА РИЗИКУВА ДА СТАНЕ ДИГИТАЛНА

23/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45760
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА ИНТЕГРАЦИЈА ДА СЕ ЗАШТИТИ ОД ИРАЦИОНАЛНИ ОПСТРУКЦИИ Претседателката Сиљановска-Давкова го прими известувачот Томас Вајц

23/09/2026

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент за земјава, Томас Вајц, придружуван од шефот

ИМАМЕ ЦВРСТИ ОДНОСИ СО САД КОИ НЕ ПРЕПОЗНАВААТ КАКО КЛУЧЕН ПАРТНЕР Министерот Муцунски за впечатоците

23/09/2026

Во периодот од формирањето на новата администрација на претседателот Трамп, ние имаме засилени односи и постојана комуникација на сите нивоа

ОСТАНУВААТ ПРАВИЛАТА ЗА ПОЛИТИЧКО РЕКЛАМИРАЊЕ ФИНАНСИРАНО ОД ДРЖАВАТА Уставниот суд со 5:3 гласа ја отфрли

23/09/2026

Уставниот суд денеска не поведе постапка по иницијативата на Левица со која беа оспорени одредби од Изборниот законик поврзани со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy