Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Манев открива: Планирале грабнување на жена од 38-40 години и размена со Панче Жежовски
Македонија

Манев открива: Планирале грабнување на жена од 38-40 години и размена со Панче Жежовски

12/03/2025

AA

Во Кривичниот суд денеска сведочи Велибор Манев, еден од обвинетите за случајот со убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски. Манев претходно рече дека заедно со Влатко Кешишев ја копале дупката каде што било закопано телото на Панче Жежовски. Првично, како што рече тој, бил планот да се најде некоја жена, и да се киднапира со возилото на Панче, кој претходно ќе бил ставен во дупката, а потоа да се направи размена, и да се пушти Панче да си замине.

Манев најпрво одговора на прашања на неговиот бранител Горан Бошевски.

Бошевски: Објасенете за грабнување на кои лица се работи?

Манев: Првично требаше Панче Жежовси да биде грабнат, да биде спуштен во дупката, врзан за бетонски тег со ланец за ногата и тегот, за да не може да се искористи неговото возило, да се искористи неговото возило за грабнување на особа жена од 38-40 години возраст и откако ќе се грабне таа, Панче да се извади од дупката, да се направи замена на грабнатите, Панче да се пушти со колата да си замине и да се остави жената во дупката.

Бошевски: Кога е ископана земуницата?

Манев: 2022 година е копана, една година пред се ова.

Бошевски: Со кого договаравте киднаприање на Панче Жежовски?

Манев: Привчно баравме објект каде ќе бидат чувани грабнатите лица. Но бидејќи не најдовме, едно попладне бев во канцеларија, во канцеларијата на Трета кај Шампионче во Кисела Вода. Палчо ми предложи да го оставам телфонот во канцеларија и да се прошетаме некаде. Кога излеговме од канцеларијата ми рече дека објект тешко може да се најде и да одредиме место каде ќе биде земуница, локација каде ќе може да ги чуваме грабнатите лица. Откако го најдовме местото, тој реши дека тука треба да се направи земуницата, тоа се направи и еден период да ја оставивмеда се замаскира од самата природа. Одлуката за грабнување на Панче Жежовски некаде одколку месец и пол пред гранувањето на лицата, бараше кола, необележана, украдена или слично. За да може да го извршиме грабнувањето. Автомобил за да може да биде грабната жената, за да не се препознае. Ние не најдовме таква кола и по предлог на Палчо почнавме да бараме пензионер сам кој ќе може да го искористиме за да му ја земеме колата и потоа да биде пуштен на слобода. Во канцеларија седевме и дојде на ум борчот на Панче Жежовски. Му кажав дека има тука еден кај мене кој ме зафркнал кој ме измамил, што ми го земал лебот па може да го искористиме тој човек за целите на грабнување.

Кои други лица се приклучија во грабнувањето?

Во прицип на почетокот бевме јас, Палчо и Влатко Кекишев. Ние ја копавме дупката. Ни фалеше уште еден човек и размислив Боре беше нон-стоп со мене и му прелдожив да оди да разговара со Палчо за ова. Ако сака да пристапи како член на групава.

Дали се приклучи во групата?

Да.

Како и кога го грабнавте Панче Жежовски?

Панче Жежовси го грабнавме на 23.11. Мислам. Тоа го имаше и на камерите кога се доаѓа кај него. На 22-ри дојдоа Палчо и Влатко Кешишев наводно да го провери местото, како е што е и дали може да се грабне.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

04/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

04/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy