
Манев не знаел за оружјето на Палчо: Да знаев сега немаше да бидам тука…
Денеска во Кривичен суд продолжува распитот на обвинетиот Велибор Манев за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски.
Како што вели, не знаел дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо носи пиштол со себе.
„Не знаев дека Палчо носи пиштол. Да знаев сега немаше да бидам тука. Јас видов дека носи кога се врати во кола го зеде пиштолот и ја уби“, рече Манев.
Тој повторува дека ископале дупка за најпрво таму да се стави Панче, а потоа кога ќе ја грабнат жената за откуп, да се пушти тој.
„Дупката ја копавме за да може грабнатите лица да се чуваат во неа, прво Панче, па да се направи смена откако ќе се грабне жената, таа да се спушти внатре, а Панче да се пушти да си оди дома со неговото возило. Откако јас и Кешишев ја ископавме дупката дојде Палчо да ја види и да ја одобри. И ја одобри. Фрливме и тег внатре за да се врзи лицето за да не може да излезе. Носевме медицински маски на лицата, јас и капа“, рече Манев.
