Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Манчевски: Судот потврди дека конкурсите во Агенцијата за филм се местени, проституирани медиуми се обидуваат со платени лажни вести да водат хајка!
Македонија

Манчевски: Судот потврди дека конкурсите во Агенцијата за филм се местени, проституирани медиуми се обидуваат со платени лажни вести да водат хајка!

22/05/2025

AA

Режисерот Милчо Манчевски, по вестите дека Финансиската полиција до јавното обвинителство поднела кривична пријава за него и неговата фирма „Банана филм“, се јави со своја реакција.

„Проституирани медиуми се обидуваат со платени и повторени* лажни вести да водат хајка против укажувач на корупција и да вршат притисок врз институции за да го скријат криминалот на пет „филмски работници“.

Ние само ќе објавиме што вели судот во две правосилни пресуди кои го потврдија тоа што го пријавивме во 2020 и 2024 (а го потврдија и Антикорупциска, Транспаренси интернешнл, ДЗР, Коалицијата за заштита на укажувачи на Југоисточна Европа и Министерството за култура).

„Банана филм“ и јас ги добивме сите судски процеси против поранешното раководство на Агенцијата за филм.

Во едната судот утврди дека кај службени лица на Агенцијата постоел судир на интереси со кој тенденциозно се работело против нашите проекти. Тие лица се Ана Василевска, главниот актер во хајката против нас, и Бранко Петровски, финансискиот советник на двајца директори против кои беа поднесени кривични пријави. Судот потврди дека конкурсите во Агенцијата за филм се местени.

Во другата судот пресуди дека Агенцијата постапила незаконски кога го блокирала нашиот филм КАЈМАК и наложи Агенцијата да го исплати тоа што веќе две години го должи за завршен филм дистрибуиран ширум светот – со камата.

Ги фаќа нервоза оти нашите кривични пријави против нив се процесуираат“, вели Манчевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy