Манчестер јунајтед заинтересиран за соиграч на Ристовски и Адеми
Соиграчот на македонскиот фудбалер Аријан Адеми и Стефан Ристовски игра одлично оваа сезона и постигна дури седум голови во Конференциската лига, додека во хрватскиот шампионат има 16 погодоци и седум асистенции.
Динамо минатото лето одби понуда од пет милиони евра од Трабзонспор, па затоа „црвените ѓаволи“ сакаат да испратат понуда од 10 милиони евра.
Освен за Динамо Загреб, Петковиќ играше и за Катанија, Трапани, Болоња, Верона и уште неколку италијански тимови.