Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАЛКУ ПО МАЛКУ, БРАЌАТА СЕ ДОБЛИЖИЈА ДО 19 ОТСТО, АЗМАНОВ ПОЛЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА – сопственички промени во „Реплек“
Економија

МАЛКУ ПО МАЛКУ, БРАЌАТА СЕ ДОБЛИЖИЈА ДО 19 ОТСТО, АЗМАНОВ ПОЛЕКА СЕ ПОВЛЕКУВА – сопственички промени во „Реплек“

21/08/2024

AA

Полека но сигурно
браќата Пецовски ги засилуваат своите акционерски позиции во фармацевтската
компанија „Реплек“. Тие купуваат по помал број на акции на Берзата од ова акционерско друштво,
но веќе нивниот заеднички капитал се доближува до 19 проценти.

А, за купувањето на
акциите постојано транспарентно ја информираат инвеститорската јавност преку
Македонската берза.

Додека, пак, бизнисменот
Зоран Азманов постепено го продава својот акционерски капитал во оваа
компанија, бидејќи, како што тој неодамна изјави за Фактор, сака своите
средства да ги повлече од акции и да ги инвестира во градежниот бизнис, што
всушност е негов фах уште од стартот на неговата деловна кариера.

„Реплек
АД Скопје објавува дека акционерот со над 5 отсто, воедно и претседател на Управен одбор,Душан Пецовски се стекна со 5 нови акции, со што поседува
вкупно 31.605 или 12,19 отсто од
вкупниот број на акции.

Акционерот со
над 5 отсто Владимир Пецовски се стекна со една нова акција, со што поседува вкупно
16.406 обични акции или 6,33 отсто од
вкупниот број на акции.

Акционерот со
над 5 отсто, компанијата Настел
ДООЕЛ продаде 104 акции, со што поседува вкупно 22.093 или 8,52 отсто од вкупниот број на акции“, се вели во објавата од компанијата на Берзата.

Браќата Пецовски откако
го презедоа кормилото во Реплек од семејството Туџарови, ја „стегнаа“ компанијата
и сега таа покажува солидни деловни резултати и зголемување на производството и
профитабилноста, а се освојуваат и нови пазари.

Нивниот заеднички
капитал сега изнесува 19,52 отсто.

Бизнисмемнот Азманов за Фактор раскажа зошто ги продава акциите.

„Едноставно, со парите сакам повторно да градам во Македонија, и
очекувам дека новата власт тоа ќе ми го овозможи, но, доколку тоа не се случи,
тогаш ќе градам во Грција“, открива Азманов за Фактор.

Тој во разговор за нашата редакцција објасни дека во 2016 година
неговиоте две компании, односно „Интекс“ и „Настел“, купиле 12 отсто од акциите
на „Реплек“, но во изминативе години тој купувал акции и во други македонски
компании и банки што котираат на берзата. Причината била неможноста да се
гради, иако за таа цел биле купени локации.

„‚Настел’ во изминативе шест години инвестираше
на Берзата и купуваше акции, бидејќи од претходната власт бевме ставени на
некаква тајна црна листа, што се манифестираше со укинување на ДУП-ови каде што
сме ги купиле локациите со веќе донесени ДУП-ови, и потоа цели шест години не
се носеа нови ДУП-ови, иако кога ќе се укине ДУП од страна на Уставен суд или
од друга институција, законска обврска на општините, односно на
градоначалниците и советите, е да донесат нов ДУП, со отстранети евентуални
недостатоци доколку ги имал тој ДУП пред да биде укинат. Сето ова придонесе
ние, од фирма која пред 2016 година го држеше пазарот во Скопје со 25 проценти,
дојдовме до тоа што после 2016 година не добивме ниту една дозвола за градба до
ден денешен, а имаме дури 7 – 8 локации каде што има ГУП, а има укинато ДУП-ови
или променети ДУП-ови без никаква основа. ‚Настел’ всушност беше доведен во
ситуација да не може да гради, со цел градежните компании кои беа пулени на
тогашната власт да немаат конкуренција и да можат да го преземат тој дел од
пазарот кој ‚Настел’ го држеше пред 2016 година“, раскажува бизнисменот
Азманов.

Натаму, тој искажа многу
пофални зборови за новото раководство на Реплек, односно за браќата Пецовски, за
кое вели дека ја кренало на нозе компанијата, и дека му е драго што и тој
учествувал во таа пресвртница.

А, Реплек неодамна
изврши поделба на акциите, односно една акција ја подели на 10 со иста
вредност, со цел да привлечат повеќе инвеститори.

Оттаму објаснија дека нивните очекувања се дека на овој начин акцијата на „Реплек“ ќе стане подостапна за различен тип на акционери, што, пак, ќе доведе до разигрување на пазарот на капитал.

„Целокупниот фокус на менаџерскиот тим на ‚Реплек АД’ е ставен на
зајакнување на нашите позиции на домашните и странски пазари, унапредување на
фармацевтското портфолио и зголемување на обемот на работа. Нашата стратегија
за развој дава резултати и ние бележиме раст во континуитет. Последните
финансиски резултати покажаа раст на приходите од продажба во сегментот
фармација за 20 отсто во првите шест месеци од 2024. Нашата динамична и
инвентивна приказна продолжува и тоа е препознато на пазарите. Интерес за нашето
работење има и кај инвеститориската јавност, која сѐ повеќе пројавува интерес
за инвестирање во ‚Реплек АД’. Како менаџмент веруваме во пазарот на капитал и
можностите кои ги нуди и во таа насока донесовме одлука на акционерско
собрание, со која нашата акција ќе ја направиме подостапна за различен тип на
инвеститори. Веруваме дека ваквиот пристап не само што ќе го разигра пазарот на
капитал, туку истовремено ќе придонесе за развој на компаниите кои котираат на
Македонската берза“, се вели во одговорот што го добивме од „Реплек“.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Тешко вечерва да биде изгаснат пожарот кај Чаниште, долга

18/08/2026
Македонија

Ви стигнаа ли парите од „МојДДВ“? Еве до кога мора

18/08/2026
Македонија

Пожарот во Мариово е најголем во државата, критична ноќ за

18/08/2026
Македонија

Намален протокот на вода во Тетово, има дефект на водоводот

18/08/2026
Македонија

27 пожари низ Македонија, активни се 11

18/08/2026
Македонија

Велешанецот Благој Гугинов влезе во топ 10 кајакари во Европа

18/08/2026
Македонија

ЕБР бара нови припадници – отворен интерен конкурс за полициски

18/08/2026
Македонија

Исплатена финансиската помош за онколошките пациенти кои ги исполниле условите

18/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45098
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Тешко вечерва да биде изгаснат пожарот кај Чаниште, долга е огнената линија

18/08/2026

Пожарот кој вчера попладне избувна во непосредна близина на селото Чаниште денес се движи во правец на селото Крушевица, информира

Ви стигнаа ли парите од „МојДДВ“? Еве до кога мора да ви бидат исплатени!

18/08/2026

Исплатата на средствата од „МојДДВ“ за вториот пресметковен период веќе е започната, а граѓаните постепено ги добиваат средствата на своите

Пожарот во Мариово е најголем во државата, критична ноќ за заштита на селото Крушевица

18/08/2026

Пожарот во прилепскиот дел на Мариово повторно се разгоре под влијание на силниот ветер, создавајќи огнена линија долга околу 20

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy