Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МАКСТИЛ“ СО ОДЛИЧЕН ПРОФИТ ОД 4,1 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ – компанијата го прокнижи и солидарниот данок кој треба да го наплати од државата
Економија

„МАКСТИЛ“ СО ОДЛИЧЕН ПРОФИТ ОД 4,1 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ – компанијата го прокнижи и солидарниот данок кој треба да го наплати од државата

02/05/2025

AA

Компанијата „Макстил“ ги објави
своите квартални извештаи кои се однесуваат на првите три месеци од годинава. Од Билансот на успех на
оваа челичарска компанија во земјава може да се види дека на приходната страна
компанијата ги прокнижила и средствата од солидарниот данок, коишто се очекува да ги наплати од
државата по одлуката на Уставен суд, кој, пак, во февруари годинава го поништи
Законот за солидарен данок, донесен од претходната власт.

Имено, во својот квартален
извештај односно Биланс на успех за годинава кој го објави компанијата, под
графата останати оперативни приходи, е наведено дека компанијата остварила
огромна сума од 4,78 милиони евра, што е раст за над 9.400 отсто во однос на
истиот период претходната година. 
Односно, во истото прво
тримесечје од 2024 година сумата на наплатени останати оперативни приходи е 50
илјади евра, додека во тој период годинава е 4,78 милиони евра, што е раст за
прецизно 9.412 проценти.

Од тие причини може да се извлече претпоставка дека оваа енормно висока сума на останати оперативни приходи се должи на прокнижувањето
на солидарниот данок од државата, со
оглед што износот на солидарен данок кој своевремено го плати Макстил изнесуваше 4,2 милиони
евра, и со тоа оваа компанија всушност го искешира највисокиот износ на солидарен
данок во државава, во однос на сите други 50 фирми што го платија.

Како што е познато,
државата ќе мора да врати вкупно 50 милиони евра, откако Уставниот суд во февруари
годинава го поништи Законот за солидарен данок. Пари од буџетот треба да им се вратат на 150 компании кои го платија. Инаку, ретроактивното
дејство на законот, погрешната примена на европската директива и селективноста на законот се главните аргументи поради кои уставните судии ја донесоа оваа одлука. 

Според претседателот на Уставниот суд,
Дарко Костадиновски, сега секоја компанија која што платила солидарен
данок, ќе може да си ги побара парите назад и тоа со камата, а државата има рок
од 5 години да им ги врати. Се очекува двете страни да седнат и да се
договорат, оти во спротивно ќе мора да се поведе судски спор. 

Бизнис заедницата беше иницијаторот за
проверка на уставноста на овој данок. Тие тврдеа дека данокот на солидарност ја
нарушува предвидливоста во работењето на компаниите и ги одвраќа
инвеститорите. Премиерот Христијан Мицкоски тогаш рече дека одлуките на Уставниот суд не се
коментираат, туку се спроведуваат и ако Судот донел одлука да се вратат 50-те
милиони евра од солидарниот данок, Владата ќе ги врати. 

Инаку, Макстил, и доколку
не беше прокнижувањето на овие средства, има многу успешно прво тримесечие, со солиден раст на приходите од продажбите. Нето добивката е 4,1 милиони евра, што е раст за дури 166 отсто во однос на истиот
период од минатата година.

Имено, вкупните оперативни
приходи на компанијата се за само три месеци на сума од 46,6 милиони евра, што
е раст за 38 отсто во однос на истиот период лани. 
Најголем дел од приходите
се приходи од продажба и тоа 41,7 милиони евра, што е зголемување за 24 отсто.

Од приходната страна се
гледа дека Макстил е огромен извозник, и дека за три месеци на странските
пазари продал стока за сума од 38,1 милиони евра, што е раст за 28 отсто. 
На домашниот пазар, пак,
продажбите се 3,6 милиони евра.

Оперативните расходи
тежеле 34,5 милиони евра, и тука има зголемување од 30 проценти. Најголема трошочна ставка
се трошоците за суровини и други материјали кои изнесуваат 24,1 милиони евра,
што е раст за 38 отсто, додека, пак, услугите со карактер на материјални
трошоци биле 2,81 милиони евра, што е раст за 19 отсто.

За трошоци за вработените
компанијата платила 5,1 милиони евра, што е зголемување за 16 проценти.

Останатите трошоци од
работењето се 540 илјади евра, додека, резервациите за трошоци и ризици се 300
илјади евра.

Сето ова придонело
компанијата да има оперативна добивка од 4,85 милиони евра, што е зголемување
за 110 проценти.

По пресметката и на
финансиските приходи од 309 илјади евра, кои се зголемени во однос на лани, и
финансиските расходи од 583 илјади, а кои се намалени, излегува дека
компанијата остварила добивка пред оданочување од 4,57 милиони евра.

На овој износ е платен
редовен корпоративен данок од 473 илјади евра, што говори колку е битно за
државата големите компании да работат добро, бидејќи значителна сума преку
данок се враќа во државата. На пример во истиот период лани се платени 180
илјади евра за данок на државата.

После ова, нето добивката
на Макстил за првите три месеци е 4,1 милиони евра, што е зголемување за
одлични 166 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Н.Н.Ф.  

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 14 ПАЦИЕНТИ Повторно

30/10/2026
Македонија

УАПСЕН ТУРЧИН БАРАН ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Полицијата го фати

30/10/2026
Македонија

📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ,

30/10/2026
Македонија

МАЛИТЕ СИПАНИЦИ СЕ ЗАКАНА, ИЈЗ БАРА ПОГОЛЕМА ПРЕТПАЗЛИВОСТ Апел до

30/10/2026
Македонија

ПРОДОЛЖУВА ИСТРАГАТА ЗА ДВЕТЕ УБИСТВА ВО СКОПЈЕ За четворицата осомничени

30/10/2026
Македонија

УПРАВНИОТ ОДБОР НА „ЛОТАРИЈА“ БИЛ ЗАОБИКОЛЕН ПРИ НАБАВКАТА НА ТЕРМИНАЛИТЕ?

30/10/2026
Македонија

ДМ ЗАСАДИ 264 САДНИЦИ ВО БИТОЛА Нова сезона на еко-конкурсот

30/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ГО ИСПРАТИ ЖЕРНОВСКИ ДА КЛЕВЕТИ Двајцата се исплашени од

30/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46464
  • Регион 3999
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УКИНАТИ ПРЕСУДИТЕ ЗА ПОЖАРОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 14 ПАЦИЕНТИ Повторно судење за директорите на тетовската

30/10/2026

Врховниот суд ги укина пресудите со кои поранешните директори на Клиничката болница во Тетово, Флорин Бесими и Артан Етеми, беа

УАПСЕН ТУРЧИН БАРАН ЗА УБИСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Полицијата го фати на границата меѓу Албанија и

30/10/2026

Триесет и едногодишен турски државјанин, баран со меѓународна потерница поради сомнение за вмешаност во убиство во Македонија, е уапсен на

📷 ЈАНЕВСКА ПОКАЖА КАКО ЖИВЕЕЛЕ СТУДЕНТИТЕ ВО ВРЕМЕ НА СДСМ, А КАКВИ УСЛОВИ ИМААТ СЕГА

30/10/2026

Со директен увид во студентскиот дом „Стив Наумов“, министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ги отфрли обвинувањата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy