Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Макстил“ го исчисти долгот, ќе видат ли дивиденда над 5.000 домашни акционери?
Економија

„Макстил“ го исчисти долгот, ќе видат ли дивиденда над 5.000 домашни акционери?

03/01/2024

AA

„Макстил“ во период од три години, целосно раздолжи над 27 милиони евра кај најголемиот доверител кој воедно е и мнозински акционер во скопската челичарница. Сега веќе се создаваат предуслови дел од добивката во форма на дивиденда да дојде и кај акционерите. Ако биде така „Макстил“ ќе направи сефте и за прв пат, во последните петнаесетина години, ќе подели дивиденда за своите акционери

Скопската челичарница „Макстил“ во целост го отплати својот долг кон „Дуферко Скоп СА“. Со оваа деловна трансакција „Макстил“ ја исчисти својата обврска кон оваа компанија во вкупна вредност од 27,4 милиони евра, објави компанијата на веб страницата на Македонската берза за хартии од вредност.

Според соопштението на берзата, достапно на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=66123, „Макстил“ во последната транша од исплатата ликвидирал обврска од 5,66 милиони евра. Во тој износ е вклучена и каматата по долгот која изнесува 291.906 евра. Со вкупниот износ „Макстил“ ги исплатил двете последни годишни рати кои се однесуваат за годинава и за минатата година.

Својот долг „Макстил“ го исплаќаше и во претходните две години. Договорот со најголемиот поединечен акционер „Дуферко Скоп СА“ бил склучен во 2021 година и предвидувал исплата на долг настанат во периодот на приватизацијата на поранешниот металуршки гигант „Рудници и железарница Скопје“.

При тоа договорот предвидувал дисконт (попуст н.з.) за секоја предвремена отплата на долг и безкаматен период на долг вратен до крајот на 2021 година. Во период од почетокот на 2022 година до сега каматата на главницата изнесувала 12 месечен ЛИБОР +2%.

Оваа е позитивна вест за инвеститорите во акции, а особено за трејдерите (најчесто физички лица чија стратегија е на кратки рокови да направат капитални добивки од вложување и продажба н.з.). И тука во прилог на тезата дека веста е позитивна и може да ја зголеми пазарната цена на акција има два аргументи.

Првиoт е тоа што најголемиот акционер во изминатиов период во неколку наврати купуваше мали количества акции од „Макстил“. Другата и веројатно поопилива причина за позитивен очекуван набој е во тоа што „Макстил“ по исплатата на долгот веќе има причина плус да исплати дивиденда , секако доколку има објективни околности за тоа.

Официјалните финансиски податоци за финансиското работење на „Макстил“ покажуваат дека компанијата е во добивка од работењето во првите девет месеци во 2023 година. Нето профитот изнесува 2,78 милиони евра. Во споредба со истиот период лани профитот е значително понизок, но тоа е очекувано и доколку се има во предвид и значајното намалување на приходите од продажба лани во однос на истиот период во 2022 година. За првите девет месеци 2023 година оперативната добивка изнесува 4,62 милиони евра, а приходите биле 100 милиони евра.

Според достапни корпоративни податоци „Макстил“ досега не исплаќал дивиденда на своите акционери, барем не во последните 15 години.

Доминантен акционер во „Макстил“ е „Дуферко Скоп СА“ компанија која поседува 83,2 отсто од акциите со право на глас. „Макстил“ има над 5.000 акционери – домашни физички лица кои поседуваат 15,4 отсто од акциите. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
Македонија

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА

01/10/2026
Македонија

📷 УАПСЕНИ 20 ЧЛЕНА НА ПРИЛЕПСКА ДИЛЕРСКА МРЕЖА Детали од

01/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ИСТУРА БЕС, СЕ СЛУЖИ СО ПРИМИТИВЕН РЕЧНИК И ПОДМОЛЕН

01/10/2026
Македонија

ФРАПАНТНО Е НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ЖРТВИ ВО СООБРАЌАЈОТ Најмалку се

01/10/2026
Македонија

НЕРАЗБИРЛИВО Е ЗОШТО 18 МЕСЕЦИ НЕМА ДОГОВОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА

01/10/2026
Македонија

ПРЕД 5 ГОДИНИ САМО ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМАЛО ТЕРАПИЈА, А

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45922
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски порача дека нема да се

01/10/2026

Политиката на проширување на Европската Унија е клучна за демократската трансформација, владеењето на правото и унапредувањето на добрососедските односи, а

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија и Италија ќе разменуваат искуства

01/10/2026

Време е законите целосно да почнат да се применуваат, а реформата да даде резултати што граѓаните ќе ги почувствуваат, порача

РОДИТЕЛИТЕ СО ПЛАЧЕЊЕ И ВИКАЊЕ ЈА НАПУШТИЈА СУДНИЦАТА, НА ГАЗДА ДЕКО МУ СЕ СЛОШИ Тензично

01/10/2026

Во тензична атмосфера се одвива денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое бранителите на 34 обвинети

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy