Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Макрон проговори за контроверзното видео: Брижит му удри шлаканица?!
Македонија

Макрон проговори за контроверзното видео: Брижит му удри шлаканица?!

26/05/2025

AA

Францускиот претседател Емануел Макрон во понеделник ги отфрли шпекулациите за виралното видео на кое првата дама на Франција, Брижит Макрон, го турка по лицето додека се во претседателскиот авион по пристигнувањето во Виетнам.

„Се шегувавме, ништо повеќе, ништо помалку. И ова се претвори во некаков вид геополитичка катастрофа“, рече Макрон, негирајќи ги тврдењата за брачен спор.

Видеото, кое го снимија бројни меѓународни новински агенции, го прикажува моментот кога вратите на претседателскиот авион се отвораат во недела навечер и ја покажува раката на првата дама како го турка лицето на претседателот.

Додека се симнуваа по скалите за да ги поздрават виетнамските функционери, Макрон ѝ ја подаде раката на сопругата, која се чинеше дека го игнорираше гестот.

Макрон ја критикуваше онлајн бурата што се појави околу ова видео.

„Гледам многу луди луѓе кои трошат многу време анализирајќи ги овие видеа“, рече тој, посочувајќи на она што го опиша како претерани или лажни наративи на социјалните медиуми.

Тој наведе уште два неодамнешни примери каде што неговите снимки биле погрешно протолкувани.

„Во последните три недели, луѓето гледаа снимки и мислеа дека делам кеса кокаин, дека се тепам со турскиот претседател, а сега се расправам со сопругата. Ништо од тоа не е вистина“, рече Макрон.

Тој, исто така, посочи дека надворешни актери ги поттикнуваат гласините.

„За ширењето на вакви работи, Русите се добри сојузници, а екстремистите во Франција се одлични посредници“, рече тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Зеленски бара силни санкции за Русија – удар по нафтата, банките и оружената индустрија

26/06/2025

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека главните цели на 18-тиот пакет санкции на ЕУ треба да бидат нафтата,

ВИДЕО Силно невреме ја погоди Франција: Две лица загинаа, 17 повредени!

26/06/2025

Најмалку две лица загинаа, а 17 се повредени во силното невреме што ја погоди Франција, соопшти тамошниот Сектор за цивилна

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy