Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата
Македонија

100.000 евра за млади брачни парови кои ќе се преселат на село и ќе станат земјоделци, планира Владата

26/05/2025

AA

Финансиска поддршка до 100.000 евра, која треба да им помогне да инвестираат во изградба или реконструкција на објекти, да купат земјоделска механизација, земјоделско земјиште или добиток, за младите брачни парови кои би се преселиле на село и би се занимавале со земјоделие. Ова се само дел од мерките од новиот Закон за земјоделство и рурален развој кој е објавен на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и е даден на увид на јавноста, чија цел е заживување на руралните средини и стимулирање на земјоделците да се здружуваат за да станат поконкурентни.

Главен услов да ја добијат оваа поддршка е да не се постари од 40 години, да се занимаваат со земјоделска дејност и да живеат во руралната средина во рамки на семејното земјоделско стопанство во наредните 10 години.

-Финансиската поддршка изнесува 80% од вредноста на прифатливи и направени трошоци, најмногу до 6.000.000 денари по брачен пар. Периодот на користење на поддршката е проектен циклус во траење од 3 последователни години. Поддршката се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата, се наведува во челнот 138 од предложениот текст на законот.

Доколку младиот брачен пар не го исполни условот да живее и да работи на село 10 години ќе треба да го врати целиот износ на дадената поддршка.

Исто толку пари (100.000 евра) ќе добијат и младите на возраст до 40 години, кои ќе отворат бизнис поврзан со земјоделството или шумарството, вклучително и основање нови семејни земјоделски стопанства или диверзификација на доходот на земјоделските домаќинства во неземјоделски активности и започнување бизнис за неземјоделски активности во руралните области како дел од стратегиите за локален развој.

Поддршка со 20.000 евра ќе добијат и млади земјоделци кои ќе почнат земјоделска дејност, потоа активни женски членови на земјоделско семејство и за развој на микропретпријатија, воведување иновативни практики и воведување нови економски дејности на село.

Посебна поддршка е предвидена за жените како носителки на производството. Таа е во висина до 6.000 евра.

Помош од 10.000 евра ќе добиваат и младите кои за првпат започнуваат да се занимаваат со земјоделска дејност преку наследување или преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување ново земјоделско стопанство.

Новиот закон треба да обезбеди усогласување со европските директиви во делот на директните плаќања и уредувањето на земјоделските пазари. Јавниот увид на текстот на законот трае до 28 мај, а за 2 јуни е планирана јавна расправа.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак

26/08/2026
Македонија

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен,

26/08/2026
Македонија

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026
Македонија

Нови правила на скопскиот аеродром: Пред терминалот ќе можете да

26/08/2026
Македонија

Западнонилска треска: Со еден клик проверете каде е најризично во

26/08/2026
Македонија

Пронајдено тело на 83-годишен скопјанец во реката Вардар

26/08/2026
Македонија

Новата мапа за западнонилска треска открива ризични жаришта: Поплавени подруми

26/08/2026
Македонија

Приведени 12 возачи за безобѕирно управување возило, 10 возеле без

26/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45276
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Над 90 илјади невработени во Македонија, над 100 илјади пак работат во сивата економија

26/08/2026

Над 90 илјади работоспособни граѓани во Северна Македонија се водат како невработени. Според Државниот завод за статистика, стапката на невработеност

Николоски: Скопје – Блаце се гради на исклучително тежок терен, има над 40 објекти на

26/08/2026

Со поставување камен-темелник денеска официјално започна изградбата на автопатската делница Скопје–Блаце. На настанот, вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски,

19 пожари низ Македонија, се уште активни се 5

26/08/2026

На ден 26.08.2026 година, до 18:00 часот, регистрирани се вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои 5 се активни,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy