Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКОТЕН ДООЕЛ со демант до ДУИ: „Казино Фламинго“ не црта парцели, клевета е дека загрозуваме гробишта
Македонија

МАКОТЕН ДООЕЛ со демант до ДУИ: „Казино Фламинго“ не црта парцели, клевета е дека загрозуваме гробишта

25/04/2026

AA

Компанијата МАКОТЕН ДООЕЛ преку писмено соопштение остро ги отфрли наводите изнесени на денешната прес-конференција на Имране Велиу од Демократската унија за интеграција (ДУИ), во кои се споменува нивниот бренд „Казино Фламинго“. Од компанијата апелираат да престанат обидите за злоупотреба на нивниот углед за дневно-политички цели.

​Во реакцијата се потенцира дека МАКОТЕН ДООЕЛ, како дел од Групацијата „Новоматик Македонија“, е субјект со странски капитал од земја членка на ЕУ и дека сите нивни инвестиции се реализираат исклучиво според позитивните законски прописи.

​„’Казино Фламинго’ не црта градежни парцели, ниту се занимава со урбанистичко планирање. Секое тврдење дека имаме за цел да нарушиме нечие достоинство или да загрозиме земјиште каде има гробишта е чиста клевета со која недозволиво, за сурови политички интереси, се манипулира со најдлабоките верски чувства“, стои во реакцијата на компанијата.

​Од МАКОТЕН ДООЕЛ потсетуваат дека брендот веќе 19 години приредува игри на среќа на граничниот премин Богородица, а речиси шест години работи и во центарот на Скопје. Тие додаваат дека нивните досегашни инвестиции во земјава надминуваат 80 милиони евра и дека континуирано манифестираат општествена одговорност преку поддршка на јавното здравство, спортот, културата и бројни хуманитарни иницијативи.

​„Ја уверуваме јавноста дека како и досега, така и во иднина, нема со било кој нов инвестициски проект да си го нарушиме нашиот корпоративен углед на сигурен партнер на заедницата“, заклучуваат од компанијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна

12/08/2026
Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош,

12/08/2026
Македонија

Авантура од 1.974 километри: Иван и Спасе ќе го освојуваат

12/08/2026
Македонија

Општината требало да реагира откако „Пулс“ бил нелегално пренаменет –

12/08/2026
Македонија

Изречена првата казна за напуштање новородени животни: Скопјанец ќе плати

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44989
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од земја и воздух

12/08/2026

Пожарот кој изби во општината Студеничани, во близина на местото Рамни Габер, продолжува да гори и во текот на ноќта.

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија апел за итно отворање центар

12/08/2026

По долга и исцрпувачка борба на ветеринарниот тим и активистите, познатиот срнак Мартин денеска подлегна на тешките повреди. Неговата состојба

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот на ноќта

12/08/2026

Пожарот кој се прошири од село Моране зафати дел од подрачјето на село Габер, каде што во текот на денот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy