Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонското рударство ќе ги запазува ЕУ стандардите – со нови закони се нагласува и факторот геополитика за обезбедување ресурси
Македонија

Македонското рударство ќе ги запазува ЕУ стандардите – со нови закони се нагласува и факторот геополитика за обезбедување ресурси

13/08/2025

AA

Законот за минерални суровини наскоро ќе замине во историја. Него се очекува да го заменат Законот за рударство и Законот за геологија. Нацрт-текстовите на новите законски решенија веќе се наоѓаат на јавен увид и, како што соопштија од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, тие се целосно усогласени со европската регулатива. Од ресорното Министерство истакнаа пет главни цели на новите закони, меѓу кои и подобрена заштита на животната средина, преку строги еколошки стандарди за експлоатацијата и преработката на минералните суровини, како и обврска за санација и рекултивација на теренот.

Понатаму, се најавува засилена поддршка на локалните заедници, но и поголема контрола и транспрентност, со засилен надзор врз работата на рудници од страна на државните институции. Од новите закони поголеми економски придобивки ќе има и државата, зашто се зголемуваат таксите и рударските надоместоци, а воедно се поттикнуваат рударството и оддржливите инвестиции. Дополнително, се очекув и засилена борба против „дивите рудници“ и нелегалната експлоатација на минерални суровини. 

Една од најголемите новини е прифаќањето во домашното законодавство на директивите на Европската Унија, кои се однесуваат на критичните минерални суровини и т.н. стратешки проекти во рударството. Поконкретно, усогласувањето е со минатогодишната директива на ЕУ, која цели кон енергетска независност на Унијата од трети земји, особено за минерали како што се литиумот, бакарот, кобалтот и други минерали кои се неопходни за исполнување на целите од зелена агенда. Односно, за снабдување со критични материјали без кои не би можело да се градат ветерници, електрични возила и генерално да се создава зелена енергија, а за што ЕУ во најголема мера зависи од Кина и САД. Согласно новото законско решение кај нас, пристапот до стратешките минерални суровини е од суштинско значење за економијата на државата.

„Стратешките минерални суровини се сметаат за критични поради нивната висока економска важност и нивната изложеност на висок ризик за снабдување, често предизвикан од висока концентрација на понуда од неколку трети земји. Со оглед на клучната улога на многу вакви критични суровини во реализацијата на зелените и дигиталните транзиции и во светлината на нивната употреба за одбранбени и воздушни намени, побарувачката веројатно ќе се зголеми експоненцијално во наредните децении. Во исто време, ризикот од прекини во снабдувањето се зголемува во позадината на зголемените геополитички тензии и конкуренцијата во ресурсите“, се наведува во нацрт Законот за рударство.

За оваа цел, со новото законско решение македонските власти исто така се обврзуваат да изработат Листа на стратешки минерлни суровини и Листа на критични минерални суровини, кои Владата ќе може да ги ажурира на секои три години.

„Листата на стратешки минерални суровини ќе вклучува, од проценетите суровини, суровините кои се меѓу највисоките во однос на стратешкото значење, предвидениот раст на побарувачката и тешкотијата за зголемување на производството“, се истакнува во новиот нацрт-текст.

Дополнително, по чекорите на Европската Унија, и Македонија ќе се приклучи кон идејата за т.н. стратешки проекти. Брисел годинава веќе утврди 47 стратешки проекти, односно голем број на рудници, во 13 земји-членки: Белгија, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Естонија, Чешка, Грција, Шведска, Финска, Португалија, Полска и Романија, за ископ на критичните минерални суровини и за нив се предвидени забрзани процедури за дозволи. Со новите решенија кај нас, се изготвуваат критериуми за препознавање на стратешки проекти, но ќе се формира и Комисија која ќе постапува по барањата, а во фокусот ќе биде поставена заштита на животната средина.

„…проектот би се спроведувал одржливо, особено во однос на мониторингот, превенцијата и минимизирањето на влијанијата врз животната средина, спречувањето и минимизирањето на социјално негативните влијанија преку употреба на општествено одговорни практики, вклучувајќи почитување на човековите права и работничките права, особено во случај на присилно преселување, потенцијал за квалитетно создавање работни места и релевантен ангажман на локалната заедница адекватни политики за усогласеност за да се спречат и минимизираат ризиците од негативни влијанија врз правилното функционирање на јавната администрација, вклучително и корупција и мито“, се потенцира во Законот.

Покрај Македонија, во утврдувањето на одреден проект како стратешки улога ќе има и Европската Комисија.

„Доколку Република Северна Македонија не се согласи предложениот проект да добие статус на стратешки проект, истиот го одбива Европската комисија“, се додава во предлог-текстот.

Инаку, покрај двата закона, паралелно се работи и на финализирање на Стратегијата за минерални суровини 2025-2045, на чиј текст работеше МАНУ. Со неа се стимулираат геолошките истражувања, бидејќи, како што се нагласува „Република Северна Македонија има особено значење како производител на метали како што се олово-цинк, бакар и никел и игра значајна улога во поширокиот европски, па и светски контекст како клучен извор на овие критични минерали во регионот“. Засега е неизвесно дали и каков импулс ќе имаат новите законските решенија и Стратегијата на македонското рударство, со оглед на фактот дека оваа гранка има се помало учество во индустриското производство и во Македонија се нема отворено нов значаен рудник за минерални суровини во изминатите 40 години. Од Листата на критични минерални суровини која ја изготви Европската Унија, според геолошките истражувања, Македонија најмногу може да се пофали со бакар, но инвестициите најчесто се соочуваат со низа бариери. Па така, остана нереализирана инвестицијата за рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот конзорциум Сардич, кој неофицијално веќе го има добиено спорот против Македонија во меѓународна арбитража. Претходно не се оствари ниту проектот за рудник за бакар на Кожуф на канадската фирма „Резервоар минералс“. Засега единствено тапка во место инвестицијата на „Еуромакс ресоурцес“ во проектот за рудник за бакар во Иловица.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy