Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Формиран предмет во Уставниот суд за оспорување на Протоколот од меѓувладината комисија со Бугарија
Македонија

Формиран предмет во Уставниот суд за оспорување на Протоколот од меѓувладината комисија со Бугарија

13/08/2025

AA

Уставниот суд соопшти дека е формиран предмет УЗ.44/2025, по иницијатива на Лилјана Поповска, во кој се оспорува Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, потпишан на 17 јули 2022 година во Софија.

Во моментов е во тек претходна постапка, во рамки на која се прибираат и испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука.

Според иницијативата, Протоколот го прекршува член 8 став 1 алинеја 1, 2 и 11 од Уставот и има несоодветна форма и содржина, излегувајќи надвор од рамките на правен акт што обработува еден член од меѓудржавен договор. Подносителката тврди дека документот произведува штетни последици врз идентитетските прашања за македонскиот народ, јазик и држава.

Во иницијативата се наведува дека Протоколот не е ратификуван од Собранието, ниту е објавен во „Службен весник“ во предвидениот рок, што, според Поповска, е во спротивност со Уставот и со членовите 6–16, 19, 20 и 26 од Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Таа посочува и на непочитување на процедурите за негово договарање, усвојување од Владата и потпишување.

Подносителката бара поништување на Протоколот, повикувајќи се и на Виенската конвенција за договорното право од 1969 година, која овозможува поништување на договори спротивни на императивните норми на меѓународното право.

Во документот се истакнува дека Протоколот не е полноправен акт потврден од Парламентот, туку останува само записник од состанок на меѓувладина комисија. Поповска дополнително посочува дека за разлика од, како што ја оценува, нетранспарентната постапка во Северна Македонија, бугарската собраниска комисија за текстот на Протоколот расправала уште на 23 јуни 2022 година, а ден подоцна го усвоила како дел од целиот пакет на Францускиот предлог за почеток на преговорите со Скопје.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy