
Македонскиот Мазник меѓу 50-те најдобри солени колачи во светот
Македонската традиционална кујна доби ново светско признание.
Популарниот Мазник се најде на реномираната листа на Taste Atlas за 50 најдобри солени колачи во светот, каде што е рангиран на високо 38 место.
Овој резултат уште еднаш ја потврдува уникатноста и вкусот на македонската гастрономија, која сè повеќе добива меѓународно внимание.
Мазникот, кој се подготвува со тенко развиено тесто и разновидни солени филови, останува едно од најпрепознатливите јадења на нашата трпеза.