Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Масовна тепачка поради нерасчистени семејни односи, Обвинителството поведе постапка против осум лица
Македонија

Масовна тепачка поради нерасчистени семејни односи, Обвинителството поведе постапка против осум лица

18/08/2025

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против осум лица поради учество во масовна тепачка што на 16 август се случила на улицата „Славеј Планина“ во Скопје.

Во инцидентот, кој се случил поради нерасчистени семејни односи меѓу две групи, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а уште неколку биле полесно повредени.

Едно лице е осомничено за обид за убиство, откако со дрвена даска тешко повредил едно лице од спротивставената група. Повредениот се здобил со фрактура на черепот и крварење на мозокот. Иако станува збор за млад човек кој неодамна наполнил 18 години, обвинителството предложи мерка куќен притвор поради ризик од бегство, влијание врз сведоци или повторување на делото.

Друг осомничен е обвинет за нанесување тешка телесна повреда, откако со тупаници му ја скршил долната вилица на еден од учесниците во тепачката.

Останатите шест лица се осомничени за кривично дело учество во тепачка. За нив се предложени мерки на претпазливост.

За случајот вчера информираа и од Министерството за внатрешни работи (МВР) од каде рекоа дека ноќта од 16 кон 17 август во полициската станица на Бит-пазар биле лишени од слобода С.Д.(50), С.С.(56), А.А.(19), С.Џ.(18), Џ.Р.(21), А.Д.(25), С.Д.(18) и Д.Д.(31), сите од Скопје. Лицата биле лишени од слобода по претходна пријава дека на 16 август околу 19 часот на улицата „Славеј планина“ меѓусебно физички се пресметувале, а користеле и разни тврди и остри предмети. Во пресметката, како што информираа од МВР, со тешки телесни повреди се здобиле С.Д.(33) и А.Д.(27), двајцата од Скопје, а уште неколку лица се здобиле со повреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy