Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: MagentaTV
Економија

Македонски Телеком воведува нова генерација дигитална телевизија: MagentaTV

20/03/2024

AA

  • Модерен интерфејс, напредни ТВ опции, слика и звук
    со висок квалитет
  • Секогаш, секаде и на сите екрани: ТВ, смартфон,
    таблет или лаптоп
  • Со MagentaTV секој телевизор станува паметен

Македонски Телеком
воведува нова генерација дигитална телевизија – MagentaTV, иновативна ТВ платформа којашто нуди едно сосема
ново, модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на
корисниците.  Новата телевизија е
достапна секогаш и секаде и на сите екрани, со слика и звук со висок
квалитет, модерен интерактивен интерфејс, пристап до апликации од Google Play
Store, ТВ-тека, видеотека, видео клуб, снимање, паузирање, премотување и
многу други напредни опции.

„MagentaTV
не е само ново име, туку еволуција во телевизијата, којашто е одговор на
новото дигитално време и на новите интереси на корисниците. Ние ја почнавме
приказната за интерактивна телевизија уште во 2008 година и постојано
воведувавме нови функционалности, со кои низ годините ја редефиниравме
класичната телевизија. Но MagentaTV е многу повеќе од нова функционалност;
тоа е една сосема нова приказна, каде на едно место имате пристап до голем
број апликации, а омилените содржини можете да ги гледате каде сакате, кога
сакате и на кој уред сакате.“ – истакна Емилија Андоновска, Главен директор
за приватни корисници.

Секој телевизор станува паметен

MagentaTV
e најмодерно технолошко решение базирано на cloud, со нов уред (MagentaTV Box)
и Bluetooth далечински управувач со говорни команди. Со MagentaTV секој
телевизор станува паметен преку огромен број апликации достапни на Google
Play Store, но и преку однапред инсталирани  апликации 
како: YouTube, HBO Max, GLEY. Дополнително, постои можност за гласовно
пребарување низ содржините со помош на Google Assistant. На овој начин сите
ТВ содржини и стриминг сервиси се на едно место, достапни преку модерен
интерфејс.

Секогаш секаде и на сите екрани

Омилените
содржини може да се следат каде и да сте: на компјутер и лаптоп или на
смартфон и таблет во движење, преку апликацијата MagentaTV Go. Дополнително,
можете да почнете да гледате на еден уред, потоа да паузирате и да продолжите
истата содржина да ја гледате на друг уред. На овој начин омилените ТВ
содржини не се резервирани само за дневната соба, туку можете да ги следите каде
и кога ви одговара.

Одржливо решение за заштита на животната средина

MagentaTV
Box е изработен од рециклирана и био-разградлива пластика со пакување од
разградливи природни материјали што придонесува за заштита на животната
средина. Тој ја носи ознаката Green Magenta, којашто се користи во Групацијата
Дојче Телеком за продукти и иницијативи коишто носат позитивна промена за
намалување на климатските промени и одговорно користење на ресурсите.

MagentaTV
е дел од новото Magenta 1 портфолио во коешто ќе бидат вклучени и неограничен
5G мобилен интернет, роаминг интернет, зголемени оптички брзини и многу други
новитети.

Повеќе информации на https://www.telekom.mk/magentatv.nspx

ПР Објава

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор, вкупно седум

03/06/2026
Македонија

Приведен тетовец, пијан со пиштол се обидел да изврши разбојништво

03/06/2026
Македонија

30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

03/06/2026
Македонија

58-годишник од тетовско силувал малолетничка во комбе со кое вршел

03/06/2026
Македонија

Пожар во средно училиште во Тетово, неколку вработени вдишале чад!

03/06/2026
Македонија

Слаткаристика се откажува од парите од Агенцијата за филм: „Не

03/06/2026
Македонија

Савески за случајот „Мазут“: Подобро запирање на истрагата отколку обвинение

03/06/2026
Македонија

АФЕТ: Напредокот на Северна Македонија во реформите поврзани со ЕУ

03/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43588
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Три лица уапсени, со едно извршен службен разговор, вкупно седум пријави за семејно насилство во

03/06/2026

На 03.06.2026 во 01:00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода

Приведен тетовец, пијан со пиштол се обидел да изврши разбојништво во кафеана!

03/06/2026

Со брза реакција на тетовската полиција приведен е тетовец кој под дејство на алкохол и со пиштол се обидел да

30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица

03/06/2026

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на ОЈО ГОКК за определување мерка против 4

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy