Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Телеком продолжува со силни инвестиции и раст и во првото тримесечје на 2025 година
Економија

Македонски Телеком продолжува со силни инвестиции и раст и во првото тримесечје на 2025 година

30/04/2025

AA

Македонски Телеком го заврши првото тримесечје на годината со
финансиски раст и силни инвестиции со кои се гради клучна инфраструктура и се
забрзува дигитализацијата на земјата. Фокусот на најмодерни технологии и
најдобро корисничко искуство донесе зголемување на корисничката база и стабилни
финансиски резултати.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX), на крајот од првите три месеци од 2025 година, изнесуваат 423милиони денари наспроти 341 милион денари на крајот од
истиот период од минатата година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 1,1 проценти споредено со минатата година, додека EBITDA маргината забележа раст од 2,1%; нето добивката бележи благ пад од 1,5 проценти.

Експанзија на најголемата гигабитна мрежа

Постојаните
вложувања во мрежната инфраструктура и најновите технологии го зајакнуваат
статусот на најдобра мрежа. Остануваме лидери во покриеност со оптика и денес
имаме 351 илјади пристапи до оптика, што
е за 8,5 проценти повеќе споредено со истиот
период од претходната година. Нашата 5G мрежа е достапна за 95 проценти од населението во
Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови. Продолжуваме да ја шириме и развиваме инфраструктурата за да овозможиме
беспрекорна поврзаност и пристап до дигиталното поврзано општествоза сите.

Супериорно корисничко
искуство

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно
корисничко искуство, но и многу повеќе од комуникациски услуги, донесе зголемување
на бројот на корисници во сите сегменти. Со првата дигитална програма за
наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 300 000 корисници.

Бројот на
корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,5 проценти и изнесува 219 илјади, а
вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,6проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е
стабилна со 1,26милионикорисници. Во фиксната телефонија, останавме на водечката
позиција со 234илјади корисници.  Според индексот TRI*Mза мерење на задоволството на корисниците, рангирани сме како водечки телекомуникациски
бренд во Македонија.

Лидерство
на ТВ пазарот

На ТВ
пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 36,5 проценти. Новата генерација на дигитална телевизија
– MagentaTV е одлично прифатена, што донесе раст од 6,9 проценти или 161,5 илјади корисници. Иновативната ТВ платформа нуди ново,
модерно ТВ доживување во согласност со современите навики и интереси на
корисниците, што донесе зголемување на приходите од дигитална телевизија од
3,3% во споредба со истиот период од претходната година.

И во 2025
година продолжуваме со стратегијата за силни инвестиции за да го обезбедиме
најдоброто за нашите корисници, посветени да изградиме поврзано дигитално
општество за сите. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагедија во Прилеп: 20-годишно момче загина во сообраќајна несреќа на

30/04/2026
Македонија

Украсна паричка, стаклена вазна и златен меч: Што содржи каталогот

30/04/2026
Македонија

Коалицијата „ВЛЕН“ се обединува: Пет политички субјекти се спојуваат во

30/04/2026
Македонија

Андоновски во Загреб: Хрватските искуства во е-архивирањето се клучни за

30/04/2026
Македонија

Апел од НП Шар Планина: Внимавајте за време на првомајските

30/04/2026
Македонија

ВИДЕО Вандализирано основното училиште „Ванчо Прќе“ во Штип, наставата е

30/04/2026
Македонија

МВР воведува код за верификација при регистрација на возила како

30/04/2026
Македонија

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи се јави од Тајланд

29/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42973
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Прилеп: 20-годишно момче загина во сообраќајна несреќа на улицата „Леце Котески“

30/04/2026

Утрово околу 08:00 часот, на улицата „Леце Котески“ во Прилеп, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби

Украсна паричка, стаклена вазна и златен меч: Што содржи каталогот на подароци за македонските функционери?

30/04/2026

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) официјално го објави Каталогот на подароци за избрани и именувани лица за 2025

Коалицијата „ВЛЕН“ се обединува: Пет политички субјекти се спојуваат во една организација

30/04/2026

Коалицијата „Влен“ најави значајно политичко прегрупирање. Пет политички субјекти кои досега функционираа во рамките на оваа коалиција, ќе се спојат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy