Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Концепт со реакција: ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси
Македонија

Македонски Концепт со реакција: ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси

10/04/2025

AA

Од Македонски концепт се јавија со реакција по повод обвинувањата од ДУИ во врска назначувањето на Петар Богојески за нов директор на „Еразмус“.

Како што велат, ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси!

„ДУИ сака политичари Македонци кои се спремни, за пари да тргуваат со националните интереси. Ние не сме такви. Тоа време помина!

Македонски концепт констатира дека партијата ДУИ повторно покажува дека нејзината политичка агенда не е насочена кон соживот, реформи и европска интеграција, туку кон заштита на лични интереси и одбрана од промените кои доаѓаат.

Кога ДУИ напаѓа и критикува некого, тоа е пофалба. Кога не напаѓа најкорумпираната партија во Македонија и пошироко, ние знаеме дека сме на права страна.

Последниот напад врз д-р Петар Богојески е директен доказ дека ДУИ не сака и не прифаќа политичари кои отворено, чесно и бескомпромисно се борат за македонските национални интереси. Наместо да се соочат со сопствениот придонес кон корупцијата, партизацијата и злоупотребата на европските фондови, тие избраа да напаѓаат човек чија мисија е токму – да стави крај на тие злоупотреби.

Говорење вистина не е искажување навреди, кон никого, па ниту кон Албанци. Богојески напаѓа арамии и шовинисти, а се бори за полни граѓански права за сите етнички заедници и нов граѓански Устав на земјата. ДУИ е против граѓанска држава, затоа што сака мафијашка држава за себе.

ДУИ има проблем со вистината. Има проблем со редот и правдата. Има проблем со тоа што конечно некој ќе воведе еднакви правила за сите – без партиски привилегии и без „тренинг на магариња“ платен од европски пари.

Македонски концепт не отстапува. Нема да се повлечеме пред оние кои сакаат да го задушат секој македонски став, секој слободен поединец и секој обид за вистинска реформа. Македонските интереси нема да бидат цензурирани. Европа не значи молк пред неправдата. Македонија ќе победи – со вистина, со храброст и со визија“, велат од партијата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy