
Македонската полиција фати патник на кој две страници од пасошот му недостигале
На 08.03.2024 во 13.30 часот на Граничен премин „Долно Блаце“ полициски службеници го привеле Ф.П.(45) од Р.Албанија поради тоа што при извршена пасошка контрола констатирано било дека биле скинати две страници од исправата.
Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал и миграции-Скопје за понатамошна постапка.