Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Денеска до 16 степени, а утре до 19 – од понеделник доаѓа голема промена!
Македонија

Денеска до 16 степени, а утре до 19 – од понеделник доаѓа голема промена!

09/03/2024

AA

Во сабота во северозападна, западна и југозападна Европа ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд кои што ќе бидат проследени со засилен ветер. Слаби и локални врнежи од дожд се очекуваат и на Апенинскиот и Балканскиот полуостров. Во областа на Алпите со врнежи од снег. Во останатите предели од Европа ќе преовладува стабилно време со сончеви периоди.

БАЛКАН – На Балканскиот полуостров ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Во северните и приморските предели долж Јадранот нестабилно време со врнежи од дожд. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 8 до 15 степени.

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија во сабота посвежо утро со пад на утринските температури кои што ќе се движат во интервал од -4 до 5 степени. Во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди, ветровито и топло време со дневни температури кои што се над повеќегодишниот просек за овој период од годината. Ќе дува доумерен југоисточен и југозападен ветер. Максималните дневни температури во Македонија утре ќе достигнат до 6 односно до 16 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во недела во Македонија ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди и топло време. Минималните температури од -1 до 8 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат од 9 до 19 степени. Во понеделник умерено облачно време со сончеви периоди, во попладневните и во вечерните часови нестабилно време со врнежи од дожд. Локално се очекуваат до 15 литри. Утринските температури од 0 до 9 степени, додека пак дневната од 10 до 20 степени. Во вторник облачно време со пообилни врнежи од дожд и посвежо време со пад на дневните температури. Над 1500 метри со врнежи од снег. Минималните температури од 0 до 9 степени, додека пак дневната од 6 до 16 степени. Во Македонија во среда ќе преовладува умерено облачно и нестабилно време со слаби врнежи од дожд и топло време. Над 1500 метри ќе провејува слаб снег.  Утринските температури од -1 до 8 степени, додека пак дневните од 7 до 17 степени.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе

02/10/2026
Македонија

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација

02/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА

02/10/2026
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ ГО ПОВИКА ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ОТВОРИ ИСТРАГА ЗА СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА

02/10/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ Е ВО СПЕЦИФИЧНА ПСИХОЛОШКА СОСТОЈБА, МУ ТРЕБА СТРУЧНА ПОМОШ

02/10/2026
Македонија

БОЛЕДУВАЊАТА НЕ СЕ КРАТАТ, ТУКУ ИМ СЕ ОЛЕСНУВА РАБОТАТА НА

02/10/2026
Македонија

ДАЛИ САМУИЛ И САМУИЛОВАТА ДРЖАВА БИЛЕ БУГАРСКИ (3) Македонија е

02/10/2026
Македонија

ДЕКО ПОНУДИЛ ПЛЕВНИ И ШУПИ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИЗВРШУВАЊЕ

02/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45937
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАПАДНАЛА 81-ГОДИШНИК ВО ДОМОТ И МУ ЗЕЛА ПАРИ Полицијата приведе 40-годишна жена за разбојништво

02/10/2026

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Л.О. (40) од струшкото село Октиси поради сомнение дека сторила кривично дело „разбојничка кражба“.

КРЕНАЛ БЕТОНСКИ ЅИДОВИ ПОКРАЈ ДЕБАРСКО ЕЗЕРО!? Кривична пријава за узурпација на државно земјиште

02/10/2026

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против А.Д. (76) од дебарското село Горно Косоврасти поради сомнение дека сторил кривично дело „узурпација

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА Е ТЕХНОЛОГИЈА НА СЕГАШНОСТА, А НЕ НА ИДНИНАТА Македонија треба да биде активен

02/10/2026

Вештачката интелигенција не е веќе технологија на иднината, туку на сегашноста и вистинското прашање денес е какво место ќе имаме

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy