Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонска заедница во Албанија: Тоа што отсекогаш сме биле, тоа сме и ќе бидеме – Македонци
Македонија

Македонска заедница во Албанија: Тоа што отсекогаш сме биле, тоа сме и ќе бидеме – Македонци

30/09/2023

AA

Денеска во Пустец се оствари средба меѓу поранешниот градоначалник на општина Пустец Едмонд Темелко, кандидатот за градоначалник на таа општина на последните локални избори Панди Јани, македонските активисти во Албанија Спиро Малевски, Светко Китани, свештеникот Алексо Темелко, Доне Донев од Македонија и Тони Ордановски од Холандија, информираа од македонската заедница во Пустец, Мала Преспа.

Додаваат дека гостите Ордановски и Калпачки Германиа подариле книги за првиот македонски претседател Методија Андонов Ченто од авторот и актерот Доне Донев, кој изведе монодрама „За македонските работи“.

– Заедничката порака од семакедонската средба во Пустец е апел до Македонците за пописот на населението: Попишете се сите, тоа што сме биле отсекогаш, сме и ќе бидеме-МАКЕДОНЦИ! Да ставиме крај на бугарските пропаганди и без страв да останеме достојни на нашите македонски корени, посочуваат од заедницата.

Уше еднаш порачуваат дека „Во Албанија Бугари нема“.

-Масовно и единствени, на пописот на населението во Албанија: Да ставиме печат на историјата и вистината: Ние сме Македонци и нашиот јазик е македонскиот, стои во пораката.

Едмонд Темелко, кој во три мандати беше градоначалник на Пустец и е прв претседател на единствената македонска партија, МАЕИ, за МИА изјави дека иако се повлекол од политиката сега сака јавно да ја изнесе осудата на бугарските агитатори.

-Најостро ја осудувам асимилаторската политика на бугарските високи државни претставници и здруженија, која никако да престане. Апелирам до моите Македонци каде и да живеат во Албанија, да не потклекнуваат на никакви закани, слободно да се изјаснат тоа што сме-Македонци зашто тоа го овозможува пописот, порачува меѓу другото Темелко.

Според него Македонците ги има над 120 илјади во Албанија, живеат не само во областите Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, туку со десетици илјади и во Елбасан, Тирана, Драч, Фиер и други.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
Македонија

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И

29/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ

29/09/2026
Македонија

СТРУЈА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“ ЌЕ НЕМА УШТЕ 5-6 ДЕНА Цевката

29/09/2026
Македонија

ПО 15 ГОДИНИ БИТОЛСКА „НИСКОГРАДБА“ ДОБИ НОВА МЕХАНИЗАЦИЈА На подарок

29/09/2026
Македонија

СЕ ОТВОРА СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „СТИВ НАУМОВ“ Наскоро ќе се отвори

29/09/2026
Македонија

7 ПОЛЈАЦИ СО ЧЕТИРИЦИКЛИ УПАДНАЛЕ ВО ВОЕНИ МАГАЦИНИ ВО ТЕТОВО

29/09/2026
Македонија

ЌЕ ТРАЕ ПРОЦЕСОТ НА ПОДОБРУВАЊЕ НА НАШИТЕ ПОЗИЦИИ ПРЕД ЕУ,

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45870
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ ГРУПА ВО СКОПЈЕ Акцијата на

29/09/2026

Автоматски и снајперски пушки, пиштоли, муниција, тактички елек, радиоврски и знаме на ИСИС биле пронајдени во акцијата во која полицијата

КЛЕКОВСКИ СЕКОЈ ДЕН МЕРИ ПРИТИСОК И ТЕЖИНА, ЗОШТО НЕ И НИЕ? Министерот советува терапијата да

29/09/2026

Од болести на кардиоваскуларниот систем во Македонија минатата година починале 6.888 лица, со стапка на смртност од 378,4 на 1.000

МИЦКОСКИ САКА НАТО ИЛИ ЕУ ДА БИДАТ ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ СО БУГАРИЈА Аргументите мора да

29/09/2026

Со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која в петок доаѓа во Скопје како дел од нејзината турнеја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy