
Македонка фатена со 89.000 евра при влез во Бугарија
Граничната полиција задржа граѓанка на Република Северна Македонија, откако кај неа биле пронајдени скриени 89.000 евра, соопшти службата.
Случајот е од 29 август, кога на граничниот контролно-пропускателен пункт (ГКПП) „Ѓуешево“ пристигнала 40-годишна граѓанка на Република Северна Македонија за излез од Бугарија, патувајќи со патничко возило.
Граничните полицајци побарале извршување на заедничка контрола со царинските службеници.
Кај 40-годишната патничка биле пронајдени скриени 89.000 евра, залепени со лента под облеката.
По случајот е покрената брза постапка, а жената е обвинета.