
„Македонија треба мирно да спие, овде има ракомет!“
Пешевски им честиташе на соиграчите и кажа дека Македонија ја чекаат подобри денови затоа што има добра репрезентација.
„Сите знаевме дека Швајцарија е нашата шанса и се надевавме дека ќе ни се насмевне среќата. Работиме 25 дена заедно и живеевме за овој ден да ја израдуваме Македонија. Ова беше наш најдобар настап досега, изгледавме како тим на теренот и победивме. Тука сме да ја поправиме нашата иднина, иако некој се сомнева во нас, треба мирно да спие затоа што овде има ракомет“, кажа Пешевски.
