Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Лефков за скандалот во М-НАВ: СДС и ДУИ македонското небо го претворија во бавча и си ја поделија меѓу себе
Македонија

Лефков за скандалот во М-НАВ: СДС и ДУИ македонското небо го претворија во бавча и си ја поделија меѓу себе

16/01/2024

AA

На црната листа на САД има лица од СДС и од ДУИ, Извештајот на Европската комисија покажа дека состојбата со корупцијата и криминалот никогаш не била полоша. Или корупцијата и криминалот ги гледаат сите, само не ги гледаат надлежните во Македонија, рече Миле Лефков, пратеник во Собранието и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната емисија За или против што се емитува на телевизија Алфа.

„Оваа власт предводена од СДС и ДУИ ги интересираат само тендери и местење на истите. Имаа градоначалник на црната листа на САД и тој денеска може да прави се, да спроведува тендери, едноставно си работи најнормално“, вели Лефков.

Според него наместо реакција по Извештајот на ЕУ и црната листа на САД власта само одите подлабоко во злоупотреби.

„Оваа група на СДС и ДУИ ја користи Европа во своја цел, тие ги злоупотребуваат европските и воопшто меѓународните стандарди. По ЕУ шлаканицата во Извештајот одат само подлабоко. Или по Извештајот каде има злоупотреба на европско знаменце стигнува во Собранието закон за заем со европско знаменце и на наша реакција беше повлечен. Потоа годинава започна со закон за игри на среќа со европско знаменце доставен во Собранието. Каков е тој закон со европско знаменце, па за оваа област нема усогласен систем во Европа, нема усогласени стандарди за игри на среќа“, кажа Лефков.

Политиките на власта на СДС и ДУИ чинат многу, вели пратеникот и додава дека некогаш чинат и животи.

„Имаме скандал Онкологија и нема никаква разрешница, изгоре модуларна болница во Тетово загинаа 14 лица, има најскап автопат кон не се гради. Ова е многу мал дел од скандали кои ги продуцираат по неколку на ден. Потоа раководството на ДУИ се пресели во министерството за политички систем, потоа следи вносен бизнис во кој ДУИ сака да го добие колачот и што уште не“, изјави Лефков.

Лефков вели дека одговорна влада може да се справи со овие штетни политики.
„Нема да биде лесно, но може да се направи се, па и да има разрешница за скандалите, за случаите со криминал и корупција. Се надевам дека по изборите ќе дојде момент во кој Груби, Ахмети, Османи, Ковачевски ќе добијат забрана за приближување до политичка фотелја“, вели Лефков.

Лефков се осврна и скандалот во македонска навигација од упаѓање во просториите додека вработените контролираат летови, слетувања и полетувања, како и прелети над македонското небо.

„За жал македонското небо го претворија во бавча на СДС и ДУИ или поголем дел е на ДУИ. И освен упадот гледаме како вработувале роднини поблиски и подалечни и тоа сите и функционери на ДУИ и на СДС“, кажа Лефков.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе

13/08/2026
Македонија

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7

13/08/2026
Македонија

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија

13/08/2026
Македонија

Започнуваат уписите на УКИМ: Слободни над 8.800 места за бруцоши

13/08/2026
Македонија

Сиљановска-Давкова за помилувањето на Шефије Јакупи: 35 години била жртва

13/08/2026
Македонија

Обвинение за 8 лица за штета од над 8,2 милиони

13/08/2026
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45000
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алсат: Пронајден е мртов оперативниот директор Лирим Хајредини, погребот ќе биде в петок

13/08/2026

Попладнево по вестите во 16 часот, Телевизија Алсат на социјалниет мрежи и веб страницата објави дека пронајден бил мртов оперативниот

На 24-ти август започнува судењето за Груби и други 7 лица за „Лотарија“ ќе суди

13/08/2026

Кривичниот суд го прифати поднесеното обвинение за предметот поврзан со Државна лотарија каде обвинет е Артаб Гууби и други 8

Сите генерални секретари на Влада во последните 15 години завршија на обвинителна клупа

13/08/2026

Функцијата генерален секретар на Владата во изминатите повеќе од една деценија добива сè понеславна судска историја. Кирил Божиновски, Драги Рашковски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy