Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија стартува со изградбата на интерконекторот со Грција
Македонија

Македонија стартува со изградбата на интерконекторот со Грција

07/05/2025

AA

Со потпишување на договорот меѓу НОМАГАС АД Скопје и кумановската компанија „Рапид Билд Доо“, денеска официјално започна реализацијата на една од најважните енергетски инвестиции во земјата – изградбата на гасниот интерконектор со Грција.

Трасата ќе се протега од Гевгелија до Неготино во должина од 68 километри, а инфраструктурата треба да биде завршена за 22 месеца и да влезе во функција во 2027 година.

Проектот е вреден 59,9 милиони евра и се финансира од Владата, Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Новата цена е за 12 милиони евра пониска од иницијалната проценка на поништениот тендер.

Министерката за енергетика Сања Божиновска изјави дека оваа инвестиција ќе ја зголеми енергетската безбедност, ќе овозможи диверзификација на снабдувањето со гас и ќе го отвори патот за подобра поврзаност со европските енергетски пазари.

„Ова е најголемата енергетска инвестиција во последната деценија. Преку интерконекторот, не само што се поврзуваме со Грција, туку правиме крупен чекор кон енергетска независност и поквалитетна животна средина“, истакна Божиновска.

Таа додаде дека проектот е резултат на блиската соработка со ЕУ, ЕИБ и ЕБОР и ја истакна важноста на политичката волја и регионалната доверба како клучни фактори за успех.

Од ЕИБ, Бјорн Габриел потврди дека финансираат и дел од грчкиот интерконектор, додека за македонскиот дел обезбедуваат 28,9 милиони евра, плус грантови и техничка помош од ЕУ во вкупен износ од речиси 12,5 милиони евра.

„Драго ни е што договорот го доби домашна компанија. Тоа покажува дека македонските фирми можат да конкурираат на меѓународниот пазар“, изјави Габриел.

Фатих Туркменоглу од ЕБОР додаде дека ова е значаен чекор за унапредување на енергетската инфраструктура и дека банката ќе продолжи да ги поддржува ваквите проекти и во иднина.

Извршниот директор на НОМАГАС, Мухамед Елмази, нагласи дека проектот има регионално значење и дека е од особена важност што сите процедури биле завршени во краток рок.

Тони Каранфиловски од „Рапид Билд Доо“ изјави дека добивањето на договорот било резултат на најповолната понуда и вети дека работите на терен почнуваат веднаш.

„Подготвени сме и опремени за квалитетна и навремена реализација. Единствен можен ризик е евентуално доцнење со експропријацијата“, посочи Каранфиловски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на

06/09/2026
Македонија

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026
Македонија

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува

06/09/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот кај Рамно го замириса Скопје, активни се над

06/09/2026
Македонија

Ер-трактори упатени кон Брвеница: Огнот кај Милетино се заканува на

06/09/2026
Македонија

Изложба на олдтајмери во Кавадарци: Најстариот автомобил има 98 години

06/09/2026
Македонија

Се огласија од Владата за приведениот возач: Законите важат за

06/09/2026
Македонија

Симон Трпчески со триумфални концерти во Токио одбележа 20 години

06/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сè уште активен пожарот кај Стенковец, избиле уште два на отворен простор

06/09/2026

Пожарот кај Стенковец сè уште е активен, а во неговото гаснење се ангажирани скопските пожарникари. Во меѓувреме, попладнево избиле уште

Маж од скопско Драчево е осмата жртва од западнонилска треска

06/09/2026

Пациент на возраст од 70 години од скопската населба Драчево е осмата жртва од западнонилската треска годинава. Тој се лекувал

Гори дива депонија кај Стенковец, Ангелов: Ова што се случува е нехумано

06/09/2026

Нов пожар попладнево избувна во непосредна близина на спортскиот аеродром Стенковец, каде што е зафатена дива депонија. Над местото се

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy