Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија со најголемо поскапување на недвижнините во регионот, пред Албанија, БИХ и Грција
Економија

Македонија со најголемо поскапување на недвижнините во регионот, пред Албанија, БИХ и Грција

25/03/2024

AA

Во Македонија, најновите статистички податоци покажуваат дека недвижнините поскапуваат со висока стапка од 20,6 отсто. Најверојатната причина за сегашниот раст е тоа што од 2020 година земјата веќе е во формални преговори за влез во ЕУ и дури сега се забележува како место за инвестирање. Истото важи и за Албанија, која е следна во рангирањето по поскапување

Денешното издание на бугарски „24 Часа“ потсетува дека, покрај становите во Скопје, атрактивни за купување се и градежните парцели во Охрид, иако не се покрај езерскиот брег.

Како што објави истражувањето на 24 Часа, најголем раст на цените на недвижнини на годишно ниво во регионот има Македонија – 20,6, по што следуваат Албанија (17,6), БИХ (17,0), Грција (13,4), Бугарија (9,2), Црна Гора (9,0),Србија (6,5), Романија (6,49),Хрватска (3,5).

Во Албанија, трендовите првенствено се водени од имотите за одмор и од можностите за купување дом на Јадранот. Ообено во Саранда. Локалниот пазар главно привлекува странци од скандинавските земји кои купуваат викендици. Фактор е и географската локација – Крф, на пример, е многу блиску до Саранда, а оттаму лесно и брзо се стигнува до популарните дестинации како што се Хрватска и Црна Гора.

На албанските сајтови за недвижнини, често може да видите понуди за станови со поглед на море во Саранда или Валона со цени од 100-150 илјади евра за 80-100, па дури и 120 квадратни метри Згора на тоа, особено во Саранда е преполно со новоизградени отворени и затворени станбени комплекси.

Сосема поинаква е причината за поскапувањето на недвижностите во Босна и Херцеговина, каде минатата година растот беше 17 отсто.

„Извештајот на Светска банка од пред две години покажа дека пазарот за недвижнини во оваа држава се развива со високо темпо пред се поради масовните купувања на домови и канцеларии канцеларии од странци од Блискиот Исток и Турција“, пишува 24 Часа.

Во Црна Гора поскапувањето на недвижнините на годишно ниво е 9 отсто. Има просперитетен туристички сектор и се стреми да привлече побогати туристи. Зделките за имоти за одмор се зголемија за 10 во секоја од последните неколку години, но исто така и другите недвижнини се со голема побарувачка.

По главниот град Подгорица, најголем интерес има за Будва, Херцег Нови, Котор, Тиват и воопшто градовите на јадранскиот брег. Но, и покрај уникатната природа, просечната вредност на станбените имоти во Црна Гора е 1500 евра по квадратен метар.

Во Србија (поскапување од 6,5 отсто) работите се сменија по Берлинскиот процес, во кој ЕУ ги вклучи земјите од Западен Балкан во серија проекти за изградба на инфраструктура за зајакнување на економскиот развој и стабилност во целиот регион. Така, од 2018 година, изградбата и цените на куќите се зголемија, а исто така и кредитирањето.

Централната банка толку ги заостри условите за одобрување кредити што каматната стапка на становите, која до средината на 2023 година изнесуваше околу 6 отсто, а сега е 8 проценти. Според извештајот на Здружението на банки во Србија за 2023 година, бројот на повлечени кредити драстично е намален.

Просечната цена на станбениот имот во Србија до почетокот на 2023 година изнесуваше околу 1.700 евра за метар квадратен. Оттогаш почна нагло зголемување и моментално е близу 2 илјади евра.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy