Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ ГИ БЕРАТ ПЛОДОВИТЕ НА УСПЕШНАТА ГОДИНА – ќе добијат дивиденди за лани од вкупно 208 илјади евра
Економија

БРАЌАТА ПЕЦОВСКИ ГИ БЕРАТ ПЛОДОВИТЕ НА УСПЕШНАТА ГОДИНА – ќе добијат дивиденди за лани од вкупно 208 илјади евра

25/03/2024

AA

Акционерите на „Реплек“ имаат причини за задоволство. Компанијата на крајот
на април на Собрание на акционери ќе донесе одлука за распределба на дивиденда,
која ќе изнесува 300 денари по акција бруто и 270 денари во нето износ.

До акционерите на оваа успешна фармацевтска компанија веќе е објавен јавен
повик за учество на Собранието, кое е закажано за 25 април оваа година.

Голем број одлуки треба да донесат акционерите, а една од нив е одлуката за
распределба
на добивка по годишната сметка на компанијата
за минатата година.

Притоа, компанијата објави дека лани остварила добивка
по оданочување на сума од 2,6 милиони
евра, додека, пак, акумулираната добивка од минати години изнесува 1,1 милиони евра. Или, вкупно нераспределена добивка е 3,7 милиони евра.

А, вкупниот износ што е предвиден за дивиденда изнесува 1,16 милиони евра.

Се планира да се дели бруто износ од 3.000 денари по акција, и нето износ од 2.700 ден по акција

Во законски резерви ќе одат 1,38 милиони евра, а како акумулирана
добивка ќе останат 1,17 милиони
евра.

Ако нето дивидендата по акција изнесува 2.700 денари, Фактор направи
пресметка колку би зеле дивиденда најголемите акционери во компанијата.

Па така, Душан Пецоски, кој е и најголем акционер, а и генерален директор
на компанијата, кој располага со 11,98 отсто од акциите, а со оглед што
компшанијата има вкупно издадени 25.920 акции, излегува дека тој би зел
дивиденда на сума од над 136 илјади евра.

Неговиот брат, пак, Владимир Пецовски, кој има во свој посед 6,29 отсто од
акциите, ќе наплати на име дивиденда близу 72 илјади евра.

Слично толку како дивиденда од Реплек ќе земе и Биотек, сопствениците на
лаборатории, кои се нов акционер на Реплек и поседуваат 6,3 отсто од акциите,
што ќе им донесе безмалку 72 илјади како дивиденда.

Акционерот „Настел“, пак, на бизнисменот Зоран Азманов, ќе наплати
дивиденда од 107 илјади евра, според пресметките на Фактор.

На собранието ќе се донесе и одлука за утврдување на датуми при
исплата на дивиденда за 2023 година,
односно дивиденден
календар.
Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на
акционерите. Последен датум за тргување со право на дивиденда за 2023 година е
15 мај, а прв
датум за тргување без право на дивиденда за 2023 година е 16 мај. Датум на стекнување на право на
дивиденда за 2023 година е 17 мај.
Исплата на дивидендата за 2023 година ќе започне од 03 јуни.

Акционерите ќе гласаат и за одлука за поделба на обичните
акциии издадени од Реплек и намалување на номиналниот износ на акциите Ќе се врши поделба на обичните акции во
сооднос 1 : 10 односно една обична акција се дели на 10 нови обични акции.

„Со
поделбата на обичните акции се врши намалување на поединечниот номинален износ
по акција од 562,42
евра на поединечен номинален износ по акција од 56,242 евра. Со поделбата на обичните акции основната
главнина на друштвото е поделена на 259.200 обични акции со поединечен
номинален износ по акција од 56.242 евра, а секој акционер (имател на акции) на
друштвото за секоја обична акција со поединечен номинален износ по акција од
562.42 евра пред поделбата на обичните акции на Друштвото, врз основа на оваа
одлука се стекнува со по 10 обични акции издадени од друштвото со поединечен
номинален износ по акција од 56.242 евра. Со поделбата на акциите основната
главнина на друштвото останува непроменета“, се вели во предлпог одлуката за која ќе се гласа на
Собрание на акционери.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени четворица возачи за безобѕирно управување возило – двајца возеле

04/07/2026
Македонија

Ангелов со апел по пожарот во Штип: Не палете оган

04/07/2026
Македонија

Тепачка меѓу три скопјанки по расправија во сообраќај во Ѓорче

04/07/2026
Македонија

ЦУК: Два активни пожари на отворено, еден ставен под контрола

04/07/2026
Македонија

Трагична сообраќајна несреќа кај Страцин: Загина 28-годишен возач

04/07/2026
Македонија

Пронајдено телото на 66-годишен маж во реката Вардар во неготинско

04/07/2026
Македонија

Апелација ја потврди 12-годишната затворска казна за Стојанче Јовановски

04/07/2026
Македонија

„И Здравје и Работа“: Падот на рударството е предупредување –

04/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44161
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени четворица возачи за безобѕирно управување возило – двајца возеле без возачка дозвола

04/07/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода четворица возачи поради безобѕирно управување

Ангелов со апел по пожарот во Штип: Не палете оган на отворено, последиците можат да

04/07/2026

Надлежните институции сè уште ги утврдуваат причините за пожарот што вчера попладне ја зафати тврдината Исар во Штип, а според

Тепачка меѓу три скопјанки по расправија во сообраќај во Ѓорче Петров

04/07/2026

Сообраќајно недоразбирање во скопската населба Ѓорче Петров ескалирало во физичка пресметка, по што случајот бил пријавен во полиција. Според информациите

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy