Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Македонија пат“ наместо да чисти снег, им плаќа камати на извршители
Економија

„Македонија пат“ наместо да чисти снег, им плаќа камати на извршители

13/01/2025

AA

Јавното претпријатие „Македонија пат“ од вчера е актуелно со чистењето на снегот на регионалните и магистралните патишта, но изгледа дека додека се справува со критиките и забелешките на граѓаните, истовремено плаќа огромни суми за извршни решенија.

Од последниот евидентиран квартал, за работата во месеците јули, август и септември 2024, чиј извештај е објавен на веб-страницата на „Ј.П за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта“ пишува дека се платени околу 2  милиони евра во овој период за камати и извршни решенија кон економски оператори со кои претходно биле склучени договори.

Во првиот квартал за камати и извршни решенија биле платени 200.000 евра, во второто тромесечие тој износ бил половина милион евра, за во третиот од минатата година да бидат исплатени нешто повеќе од 118 милиони денари, или безмалку 2 милиони евра по овој основ.

Во извештајот пишува дека „обврските за штети по извршни решенија“ изнесуваат 5 милиони евра и дека во споредба со истиот период од минатата година се зголемени за 41,61 отсто.

„Во состојба на намалена реализација и соодветно на тоа намалени материјални нематеријални трошоци, поразителен е фактот дека по основ на камати доставени од страна на економските оператори за задоцнето плаќање, претпријатието искажува загуба. Во ваква незавидна финансиска ситуација, заради со години наназад наталожените обврски, се обезвреднуваат сите напори на раководството за добро менаџирање и функционалност, што е од виталмно значење за одржување на автопатите, за нивна безбедност и проодност во сите временски услови“, коментира „Македонија пат“ во отчетот.

Ова претпријатие се финансира со пари од Јавното претпријатие „Државни патишта“, кое пак своите приходи ги собира од наплата на патарини, регистрација на возила и акциза од гориво. „Македонија пат“ на секои три месеци добива по неколку милиони евра од „Државни патишта“, но коментира дека од таму не ги исполнуваат обврските до крај и дека поради тоа претпријатието не може да работи на стабилна основа.

„Македонија пат“ има 550 редовно вработени работници и околу 200 што се времено ангажирани, но ангажира и механизација од други приватни оператори. Министерството за транспорт вчера соопшти дека јавното претпријатие е на терен со целата работна сила и целокупната механизација и во континуитет врши расчистување на државните патишта

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy