
Македонија на 51-то место на Глобалниот индекс за мир
Меѓународниот тинк-тенк „Институт за економија и мир“ го објави годинешниот Глобален индекс за мир (GPI). Македонија се најде на 51-то место, што претставува пад од четири позиции во однос на минатата година.
Од земјите во регионот, највисоко рангирана е Словенија на 9-то место, потоа следуваат Хрватска (19), Бугарија (29) и Црна Гора (34). Зад Македонија се Албанија (52), Бугарија (57), Босна и Херцеговина (59), Косово (63) и Србија (64).
Исланд повторно е прогласен за најмирна земја во светот, задржувајќи го првото место и оваа година. Земјата е исто така високо рангирана и во други извештаи – трета на листата на најсреќни држави според Извештајот за светска среќа, како и меѓу најпосакуваните туристички дестинации на северната хемисфера.
Најслабо рангирана во индексот е Русија, која се наоѓа на 163-то место и првпат е оценета како најмалку мирна земја во светот.
Глобалниот индекс за мир ги опфаќа 163 независни земји и територии, а рангирањето се прави според критериуми како степен на безбедност, домашни и меѓународни конфликти и ниво на милитаризација.