Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 На полноќ истекува рокот за потписи за независни кандидатури: Досега 22 кандидати за градоначалници и 12 листи за советници
Македонија

На полноќ истекува рокот за потписи за независни кандидатури: Досега 22 кандидати за градоначалници и 12 листи за советници

01/09/2025

AA

На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за претстојните Локални избори 2025, кои ќе се одржат на 19 октомври.

Според податоците од Државната изборна комисија (ДИК), до саботата потписи за кандидати за градоначалници се собираа во 16 општини за вкупно 22 кандидати, додека за листи за членови на советот во 11 општини беа активни 12 кандидатури.

Потписи за градоначалници се собираа во: Македонска Каменица (двајца кандидати), Куманово, Дебарца, Охрид, Струга, Дебар, Центар, Демир Капија, Македонски Брод, Кочани, Битола (двајца кандидати), Могила, Новаци (двајца кандидати), Гостивар, Демир Хисар (четворица кандидати) и за Градот Скопје.

За листи на советници потписи се собираа во: Македонски Брод, Кочани, Чешиново-Облешево, Битола (две листи), Могила, Свети Николе, Лозово, Карпош, Дебар, Куманово и Старо Нагоричане.

Рокот за поднесување на листи за кандидати за градоначалници и советници истекува на 13 септември. До 11 септември граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список во подрачните канцеларии и одделенија на ДИК. Во тек е и процесот на пријавување за набљудување и известување од изборите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy