Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНИЈА И УНГАРСКИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР 4iG ПОТПИШАА ПРЕДДОГОВОР: Целта е отворање нови работни места и подобрување на услугите
Економија

МАКЕДОНИЈА И УНГАРСКИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР 4iG ПОТПИШАА ПРЕДДОГОВОР: Целта е отворање нови работни места и подобрување на услугите

02/09/2024

AA

Владата и „4iG“ Групацијата, една од водечките ИКТ компании
во Унгарија и Западен Балкан, денеска во Скопје потпишаа Меморандум за
разбирање со цел да се забрза дигиталната трансформација во Македонија во делот
на економијата и инфраструктурата,
се наведува во владиното соопштение.

Оттаму посочуваат
дека Меморандумот кој претставува основа за долгорочна соработка меѓу
Владата и „4iG“ Групацијата ги истакнува можностите за влез „4iG“ Групацијата
на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги идентификува стратешките
области за идниот развој на телекомуникациските услуги и инфраструктурата во
земјата.

Меморандумот за разбирање го потпишаа заменик-претседателот
на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и претседателот на
„4iG“ Групацијата Гелерт Жазаи.

Документот, кој ја поставува основата за долгорочна
соработка меѓу двете страни, ги потенцира можностите за „4iG“ Групацијата за
влез на телекомуникацискиот пазар во Македонија и ги дефинира заедничките цели
за идната соработка и тоа:

– Подобрување на искуството на клиентите преку воведување на
најсовремени мобилни и широкопојасни технологии за да се обезбедат побрзи и
посигурни комуникациски и интернет услуги.

– Имплементација на инвестиции во врвни технологии засновани
на 5G, IoT и вештачка интелигенција за развој на дигиталниот екосистем во Македонија
со оглед на посветеноста на Владата за иницијативата „Чиста мрежа“.

– Отворање на нови и квалитетни работни места преку
формирање на регионални канцеларии и оперативни центри кои ќе имаат за цел
зголемување на економскиот раст и долгорочен развој.

– Минимизирање на влијанието врз животната средина и
поддржување на зелените иницијативи, стимулирање на иновациите, технолошкиот
развој и претприемништвото во партнерство со локални економски субјекти.

Меморандумот за разбирање потпишан меѓу Владата и „4iG“
Групацијата е целосно во согласност со „Планот за одржливост на Македонија
2030“ и посветеноста на државата за програмата „Чиста мрежа“.

Во следниот период двете страни ќе формираат заедничка
работна група за унапредување на соработката, со цел да се анализираат
можностите на пазарот и да се забрза соработката.

Како сопственик на операторот „ONE Црна Гора и ОНЕ
Албанија”, „4iG“ Групацијата е една од водечките телекомуникациски и ИТ
оператори во Западен Балкан, опслужувајќи речиси 2,2 милиони корисници и 400
илјади деловни клиенти во овие две земји.

Со своето работење, групацијата продолжува да ги проширува
своите услуги, експертиза и портфолио за да одговори на променливите потреби и
барањата на телекомуникациските и ИТ пазари. Групацијата вработува над 8.000
луѓе.„4iG“ Групацијата е водечка телекомуникациска компанија во Унгарија и
Западен Балкан и една од водечките компании во областа на знаење и дигитална
економија. Иновативниот пристап на Групацијата и нејзината позиција како
водечки унгарски интегратор на телекомуникациски и ИТ системи ја прави
компанијата лидер во нудење на услуги во делот на дигиталната трансформација во
регионот, се вели во соопштението од
Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК

20/09/2026
Македонија

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер

20/09/2026
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45694
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖД ЗА СТАРТ НА СЕДМИЦАТА, ДО ПЕТОК ПОСВЕЖО, ПА ПАК ДОЖД До среда ќе дува

20/09/2026

Времето в понеделник, 20 септември, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има повремени

ТЕЛО ПРОНАЈДЕНО НА 2.500 МЕТРИ НА ШАР ПЛАНИНА Полициски хеликоптер го пренел по пријава од

20/09/2026

Граѓани околу 14.30 часот пријавиле дека на Шар Планина забележале лице кое не покажувало знаци на живот, по што била

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy