Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонија домаќин на првиот Регионален министерски состанок
Македонија

Македонија домаќин на првиот Регионален министерски состанок

16/11/2023

AA

Министри на РС Македонија, Р Србија, Црна Гора, БиХ, Р Албанија и Р Косово, заедно со високи претставници од Директорат за проширување на ЕК утре во Скопје на прв состанок за Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформи и раст, што беше објавен од ЕК на почетокот на овој месец.

Состанокот се одржува со цел презентирање на Планот за раст од страна на DG NEAR и отворена дискусија со министрите од регионот за можностите максимално да се искористи ново дизајнираниот План за раст, во насока на зајакнување на кохерентноста на политиките и усогласување на помошта на ЕУ со домашните реформи и расположливи ресурси.

Планот за раст на Западен Балкан и Инструментот за реформа и раст пред министрите за финансии и економија и главни преговарачи на РС Македонија, Р Србија, Р Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Р Албанија ќе ги претстави  генералниот директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија  Герт Јан Копман.

Во фокусот на состанокот помеѓу ЕК и земјите од Западен Балкан се реформите коишто ќе бидат клучни за унапредување на економскиот и социјалниот развој, конвергенција во наредниот четиригодишен период, особено во делот на енергетската транзиција, бизнис окружување, животна средина, дигитализација, образование и човечки капитал. Во тој контекст и инвестициските приоритети.

План за раст на Западен Балкан е нов инструмент на ЕК којшто треба да овозможи поврзување, поддршка на реформите и финансиска поддршка во вид на грантови и поволни заеми, а со цел создавање поволни економски услови за граѓаните и бизнисот и побрза конвергенција и интеграција во ЕУ. Тоа е одлична можност за земјите за интензивирање на реформските агенди поврзани со евроинтеграцијата и унапредување на стандардот во земјите од регионот.

Планот се базира на четири столба кои се насочени кон забрзување на економската интеграција од земјите во регионот во Единствениот пазар на Европската унија, како и зајакнување на економската интеграција во Западен Балкан преку Заедничкиот регионален пазар, а преку спроведување на социо-економски и  фундаментални реформи,  за што на земјите им се ставаат на располагање 6 милијарди евра во рамки на Инструмент за реформи и раст за Западен Балкан.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026
Македонија

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026
Македонија

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени

10/09/2026
Македонија

Вардар казнет со 3.000 евра и еден меч без публика

10/09/2026
Македонија

12 возачи приведени за безобѕирно управување, 11 немале положено возачки

10/09/2026
Македонија

Андреј Цековски го освои Њујорк: Златен медал и пехар за

10/09/2026
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има дожд, грмежи и

10/09/2026
Македонија

По 11 години ажурирана листата на есенцијални лекови – додадени

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45616
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пет активни пожари низ Македонија

10/09/2026

Центар за управување со кризи: Информација за пожари на отворен простор до 18:00 часот На ден 10.09.2026 година, до 18:00

Помошник директор во Царина затекнат при примање обележани 17.500 евра

10/09/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во рамки на преземените мерки и активности лишено од слобода е лице вработено

Бугарија запре 9,5 тони пиперки од Македонија – пронајдени зголемени остатоци од пестициди

10/09/2026

Пратка од речиси 9,5 тони пиперки од Македонија е запрена на бугарскиот пазар поради утврдени зголемени остатоци од пестициди. Бугарската

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy