
Македонија дел од НАТО иницијативата за обука за летање
Северна Македонија е дел од НАТО Иницијативата за обука за летање Европа (NFTE) која има за цел да ги засили капацитетите за обука на пилоти на НАТО земјите-членки во Европа.
Сквадронот за обука и тренинг во Армијата на Република Северна Македонија е составен дел од оваа Иницијатива и оваа година претстои процес на акредитација на оваа армиска единица, по што ќе се отвори можноста за обука на пилоти за потребите на земјите-членки на НАТО во Северна Македонија.
