
Македонецот Евгениј Поп Ацев успешно го преплива Ла Манш за помалку од 10 часа
Македонскиот маратонски пливач Евгениј Поп Ацев успешно го преплива Ла Манш, познат и како Англиски Канал, за импресивни 9 часа и 43 минути. Поп Ацев е трикратен светски шампион и член на Меѓународната сала на славните за маратонско пливање, со учество на 107 натпревари од светска класа во периодот од 2007 до 2021 година.
„Неверојатно пливање, Евгениј! Благодарност и до целиот екипаж на бродот“, соопшти Пливачката асоцијација „Канал“.
Со овој успех, Поп Ацев станува петтиот Македонец кој го завршил предизвикот на Ла Манш, по легендите Нико Нестор и Атина Бојаџи, како и Томи Стефановски и Игор Димовски.