Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонец опериран со роботска кардиохирургија од македонски хирург во Германија
Македонија

Македонец опериран со роботска кардиохирургија од македонски хирург во Германија

11/02/2026

AA

Македонски државјанин од Скопје, кој моментно живее и работи во Германија, успешно беше опериран со најсовремениот хируршки роботски систем da Vinci на Клиниката за кардиохирургија при Центарот за срце во Дуизбург.

Операцијата ја изведе тим предводен од д-р Едис Љаиќ, кардиохирург и специјалист за минимално инвазивна кардиохирургија, кој исто така е македонско потекло и раководи со секторот за роботска кардиохирургија во клиниката.

„Јас и мојот тим ја имавме честа да го оперираме нашиот сограѓанин со роботскиот систем da Vinci, кој рутински го користиме за вакви интервенции. Станува збор за 31-годишен пациент со дијагностицирана коронарна срцева болест. Операцијата траеше два и пол часа и помина одлично. Пациентот закрепнува брзо и без компликации, и само пет дена по интервенцијата ќе биде отпуштен на домашно лекување, во одлична општа состојба“, изјави д-р Љаиќ.

Пациентот престојува во Германија поради сезонска работа и е здравствено осигурен преку германскиот работодавач, а не преку македонскиот Фонд за здравствено осигурување.

„Овој пациент е првиот македонски граѓанин што е опериран со оваа високомодерна роботска техника, и тоа од страна на друг македонски хирург“, додава д-р Љаиќ.

Тој појаснува дека роботската кардиохирургија е најсовремена техника која во Германија моментно се изведува само во два центра – во Дуизбург и во реномираната клиника „Шарите“ во Берлин. На ниво на цела Европа, вакви интервенции се спроведуваат во не повеќе од 15 центри.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Шара се помести за 10 милиметри, ослободена е енергија од

11/02/2026
Македонија

11 полицајци од Кочани осомничени за „Пулс“ го добија МВР

11/02/2026
Македонија

Девојка повредена во автобус во Скопје – граѓани алармираат за

11/02/2026
Македонија

ТОА БИ БИЛО ОТВОРЕНА ОБЈАВА НА ВОЈНА НА УНГАРИЈА Орбан

11/02/2026
Македонија

Променливо облачно со дожд и снег на планините

11/02/2026
Македонија

СЕДУМ ВОЗАЧИ ФАТЕНИ БЕЗ ДОЗВОЛА Mеѓу нив и малолетници зад

11/02/2026
Македонија

Македонец опериран со роботска кардиохирургија од македонски хирург во Германија

11/02/2026
Македонија

Комисијата за проценка на штети од земјотресот во Битола земала

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41323
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Шара се помести за 10 милиметри, ослободена е енергија од 100 тони ТНТ“ – професорот

11/02/2026

Земјотресот што го вознемири регионот не е само обично тресење, туку дел од фасцинантен геолошки процес на „растење“ и поместување

11 полицајци од Кочани осомничени за „Пулс“ го добија МВР на суд

11/02/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) преку одговор до Телма потврди дека 11 полицајци, осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во

Девојка повредена во автобус во Скопје – граѓани алармираат за несоодветна работа на јавниот превоз

11/02/2026

Синоќа, околу 23 часот, во преполн автобус на линијата 23, девојка се здобила со повреди кога возачот нагло закочил на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy