Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 11 полицајци од Кочани осомничени за „Пулс“ го добија МВР на суд
Македонија

11 полицајци од Кочани осомничени за „Пулс“ го добија МВР на суд

11/02/2026

AA

Министерството за внатрешни работи (МВР) преку одговор до Телма потврди дека 11 полицајци, осомничени за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, ги добиле граѓанските тужби за поништување на одлуката за мирување на нивниот работен однос.

Како што информира МВР, полицајците биле ставени во мирување, а не суспендирани, по отворањето на истрагата, поради што немале ниту плати, ниту социјално и здравствено осигурување, иако против нив не било поднесено обвинение ниту имало правосилна пресуда. „Од страна на седумнаесет лица на кои им мирува работниот однос поради мерки на претпазливост поврзани со „Пулс“-Кочани, заведени се судски постапки за поништување на решенија со кои им мирува работниот однос. Во овие судски предмети донесени се единаесет пресуди со кои се усвоени тужбените барања и сите предмети се во постапка по жалба пред Апелационен суд Штип, односно постапките не се правосилно завршени“, соопшти МВР за Телма.

Министерството појаснува дека одлуката за мирување на работниот однос била донесена поради изречени мерки на претпазливост, меѓу кои и забрана за вршење работна задача како полициски службеник, но наместо да бидат суспендирани според законите и колективниот договор, им бил ставен работниот однос во мирување.

Телма исто така известува дека за 13 полицајци поднесени се барања за отстранување од работно место, но МВР посочува дека тие мерки не можат да се спроведат додека трае истрагата. Обвинителството против речиси сите полицајци кои ја добиле правната битка поднело обвинение.

Од нив, 13 полицајци се обвинети за тешки дела против општата сигурност, а девет за злоупотреба на службена положба, бидејќи не извршиле соодветни контроли на јавниот ред и мир и за сообраќајното решение пред „Пулс“, каде во пожарот загинаа 63 лица, главно млади, а над 210 беа повредени. Судскиот процес за деветте обвинети за злоупотреба е закажан за 2 март во Скопје, иако дел од обвинетите сè уште не го добиле обвинението на увид.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МВР и РСБСП со апел до возачите: Не користете мобилен

29/07/2026
Македонија

Автоматизирани гранични терминали до средината на следната година, најавува Царинската

29/07/2026
Македонија

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

29/07/2026
Македонија

Нов топлотен бран ја зафаќа Македонија, температурите ќе надминат 40

29/07/2026
Македонија

Кривична пријава за три лица за давање и примање поткуп

29/07/2026
Македонија

Сериозна е состојбата на 76-годишен скопјанец со западнонилска треска

29/07/2026
Македонија

Зголемена фреквенција на патиштата – најдолги чекања на Богородица

29/07/2026
Македонија

ДПИ за една недела изврши 518 контроли и изрече казни

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44731
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МВР и РСБСП со апел до возачите: Не користете мобилен телефон додека возите

29/07/2026

Една секунда невнимание може да биде доволна за да се случи трагедија. Со оваа порака Министерството за внатрешни работи и

Автоматизирани гранични терминали до средината на следната година, најавува Царинската управа

29/07/2026

Граничните терминали во земјава ќе бидат модернизирани со воведување паметни системи за автоматизација, проект за кој се обезбедени два милиони

Две лица од гостиварско уапсени за организирање борби на кучиња

29/07/2026

Две лица од гостиварскиот регион се лишени од слобода поради сомнение дека организирале борби на кучиња, соопшти Министерството за внатрешни

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy