Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ТРПАТ ПРИТИСОЦИ ОД БУГАРИЈА, СОФИЈА ГО ПРАВИ ПОПИСОТ, НЕ ТИРАНА“: Се бара продолжување на пописот во Мала Преспа
Регион

„МАКЕДОНЦИТЕ ВО АЛБАНИЈА ТРПАТ ПРИТИСОЦИ ОД БУГАРИЈА, СОФИЈА ГО ПРАВИ ПОПИСОТ, НЕ ТИРАНА“: Се бара продолжување на пописот во Мала Преспа

13/11/2023

AA

Партијата на Македонците во Албанија бара да се продолжи Пописот на населението во Албанија во Мала Преспа, односно во деловите каде што живее македонско население. Пописот во Албанија завршува на 15 ноември, а во Мала Преспа заврши пред две недели, вели Васил Стерјовски кој вчера беше на Семакедонската средба во Штип, организирана од Здружението „Мирка Гинова“-Штип. Стерјовски рече дека неколкупати и официјално реагирале до премиерот Еди Рама и Владата на Албанија.

-Укажавме на сите притисоци кои се прават од страна на Бугарија и тоа што Албанија му даде слободен простор фактички Пописот да го спроведе Бугарија, а не Албанија и ние реагиравме на сето ова. Запознаена е албанската Влада во текот на самиот процес, затоа што работите ги следевме секој ден на терен што се случува и се што до нас доаѓаше како информација за притисок, закана, мешање од самите структури на албанската држава, било тоа да се Бугарската амбасада во Албанија, но и други структури што работат за Албанија, за да ги натерат Македонците да се попишат Бугари, вели Стерјовски.

Посочува дека сите регистрирани неправилности ги имаат доставено до Владата на Албанија и до сите странски амбасади во земјата. Но, според него, Владата на Албанија до овој момент нема преземено никакви мерки на укажувањето дека Бугарија преку Пописот во деловите каде живеат Македонци во Албанија директно се има замешано во внатрешните работи и на самиот процес на Попис на население во оваа земја, како и дека нема одговорено на барањата на Македонците во Албанија.

-Бугарите на дневна основа знаеја кој како се попишува во нашите региони, така што ние на крајот на самиот процес, официјално како политичка партија на Македонците во Албанија „Македонска алијанса за Европска интеграција“ ќе излеземе со официјален извештај и ќе ги објавиме јавно, вели Стерјовски.

Тој истакна дека Пописот во Мала Преспа траел шест недели, но како што вели, реално, на терен се попишувало вкупно три недели.

-Во последните три недели од официјалниот Попис не се попишуваа жителите, кои физички живеат таму, кај нас проблем е тоа што сме пограничен регион со Македонија и Грција и повеќето од луѓето својата егзистенција ја обезбедуваат со сезонска работа било во Грција, било во Македонија. На граница ако одите секој ден 400 до 500 лица влегуваат дневно во Македонија во овој период, бидејќи е бербата на јаболка во Ресен и многу од овие жители не се попишани. Значи доаѓаат жалби од самите жители дека попишувачите не ги попишуваат. Ние официјално уште тогаш имаме реагирано, од кога се случи овој проблем. Од Тирана бараа да се попишаат, но проблем се случуваше што пописните комисии, попишувачите не ги попишуваа и тука се сомневаме дека е директно влијание на Бугарија, за да излезе што помал број вкупно население во Мала Преспа, но и на Македонци, вели Стерјовски.

Тој посочи дека како партија имаат повеќе барања, а Владата на Албанија ветила дека ќе се продолжи рокот на попишување на населението во Мала Преспа, но се уште немаат добиено ништо официјално. Се сомневаат дека можеби станува збор и за стратегија на Албанија со којашто би се укинала општината, со образложение дека нема доволно жители и дополнително е и, како што вели, играта на Бугарија.

-Дали е и плус игра на Бугарија да има што помалку Македонци да се декларираат, бидејќи кај нас, посебно во Мала Преспа, Бугарија по сите притисоци што ги правеше не можеше да извади Бугари и тоа им беше голем проблем. Затоа единствен начин е да влијаеше до нивните структури во албанската држава со попишувачите и Заводот за статистика на Албанија, вели Стерјовски.

Прашан каков бил притисокот на Бугарија при Пописот во Албанија, Стерјовски со одговор дека тие и пред самиот Попис реагирале и сметале дека притисок се прави на населението кое има аплицирано за бугарски пасоши, со цел да работи во земјите од ЕУ.

-Со самиот процес на Пописот Бугарскиот амбасадор почна да доаѓа во нашите региони, било во делот на Гора, Голо Брдо, на Преспа да ги убедува луѓето да се пишат Бугари. Сите што имаат аплицирано за бугарски пасоши им се јавуваа од бугарска Амбасада дека мора да се пишат Бугари во спротивно нема да земат бугарски пасош, а тие бугарски пасоши не се бесплатни, тоа се неколку илјади евра за едно семејство за таков пасош. Постоеше реално тој притисок, вели Серјовски.  

Тој додаде дека сите овие притисоци и закани ги имаат објавено и официјално, а на самиот старт на Пописот од Владата на Албанија побарано е да се забрани доаѓањето на бугарскиот амбасадор во регионите каде што живеат Македонците, бидејќи се прекршува и Виенската конвенција, како се однесува еден дипломат, кој се меша во внатрешните работи и врши директен притисок на Пописот во Албанија. Стерјовски истакна дека на Пописот секој граѓанин треба слободно да се изјасни како се чувствува. Тој додаде дека последната недела албанските медиуми информираат за загриженоста и барањата на Македонците во Албанија.

На денешната Семакедонската средба во Штип, присуствуваше и Кирил Иванов од ОМО Илинден, кој најави дека ќе отвори македонски клуб, како што рече, во неговата гаража, а посочи дека го чекаат исходот од тужбите во Судот за човекови права во Стразбур. Иванов забележува дека, како што вели, Бугарија не признава Македонци во нивната држава и оти по исходот на овие тужби ништо не се менува, туку само ги плаќа казните.

Трајче Димков од Здружението „Мирка Гинова“-Штип вели дека ова е традиционална средба, со цел да им се даде поддршка на сите Македонци кои живеат надвор од земјава.

Во рамките на средбата имаше и изложба на документи и сведоштва на Македонците кои живеат во Албанија, но и за постоењето на македонската нација. Користени се архиви и документи од САД, Аргентина, Австралија, Франција и од Италија. 

ФОТО:МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy