Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запленети товарни возила од половина милион евра на  компанија поврзана со тендери за РЕК Битола
Економија

Запленети товарни возила од половина милион евра на компанија поврзана со тендери за РЕК Битола

13/11/2023

AA

Кривичниот суд Скопје на барање на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција замрзна имот на компанијата Салус Плус Битола со забрана да користи и отуѓува транспортни и патнички возила во вкупна вредност од 520.000 евра.

ОЈО за организиран криминал и корупција се сомнева дека оваа фирма и нејзиниот сопственик и управител Александар Наумов, како осоменичен, се вовлечени во злосторничко здружување, како и даночно затајување по две основи. Обвинителството барањето го испратило на 27 октомври, а Кривичен суд го прифатил на 31 октомври.

Станува збор за компанија која пред два месеци го променила името во Салус Плус Битола, а претходно се викаше „Новоматрикс“ и беше позната по тоа што склучи два договори за технолошко чистење на рудниците на РЕК Битола вредни над 3 милиони евра, при што вториот договор лани го доби во постапка со директни преговори.

Осомничениот Наумов претходно беше управител на „СВ-Инвест“ која во 2021, како што тогаш известуваа медиумите, отиде во стечај со вкупно признаен долг кој надминува 25 милиони евра кон доверителите, а пред тоа добиваше милионски тендери од ЕСМ . „Новоматрикс“ во меѓувреме продолжи да добива слични договори од ЕСМ. „СВ-Инвест“ отиде во стечај иако претходно прикажуваше милионски добивки и беше една од најбрзорастечките битолски компании.

Меѓу запленетите возила, според вредноста, доминираат товарните, меѓу кои има 13 камиони и едно приклучно возило-приколка. Повеќето се релативно нови и произведени од пред неколку години а марките се MAN, Ford и Mercedes-Benz.

„Привременета мерка може да трае најдолго до завршување на кривичната постапка пред првостепениот суд или може да биде укината по службена должност. Сите дејствија врз имотот што е предмет на обезбедување, а се преземени по поднесување на барањето за привремени мерки, се ништовни“, гласи барањето на Обвинителството до Централниот регистар, а истовремено на МВР му се наложува да изврши прибелешка на возилата.

Со новата власт се појавија и нови играчи за тендерите на ЕСМ. Првично тоа беше фирмата „СВ-Инвест“, а од неодамна, меѓу другите, и фирмата „Новоматрикс“, која за 2020, како што претходно објавуваа медиуми, прикажала вкупни приходи од 4,6 милиони евра, додека годините пред тоа воопшто ги немала.

„Основното обвининителство за гонење на организиран криминал и корупција во интерес на постапките што ги спроведува, а воедно и заради почитување на институтот пресумпција на невиност, во моментов не е во можност да одговори на вашите прашања“, гласи одговорот кој го добивме од ОЈО за организиран криминал и корупција по неколку поставени прашања.

Од ова Обвинителство, каде што и онака транспарентноста кон јавноста е на оскудно ниво, особено со доаѓањето на Ислам Абази на чело, засега не кажуваат за кое дело поконкретно станува збор и во која фаза е овој случај? Дали ќе има понатамошни заплени, освен моторни возила, и колкав имот, односно со колкава вредност, треба да биде запленет? Дали случајот опфаќа и други лица и од кога датумски е инициран?

Александар Кузмановски


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy