Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГЛАДНИ ЗА СТАНОВИ – Интересот за купување недвижнини не стивнува
Економија

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ГЛАДНИ ЗА СТАНОВИ – Интересот за купување недвижнини не стивнува

05/04/2023

AA

Интересот за купопродажба на недвижности и во втората половина од минатата година не покажува знаци на забавување.

Последните податоци кои ги објави Агенцијата за катастар на недвижнини велат дека во периодот од јули до декември 2022 година во Регистарот на цени и закупнини се внесени 17.583 трансакции.

Притоа, вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи. Од нив, 12.997 се купопродажби на недвижности, каде пак влегуваат вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од Република Северна Македонија. Дополнително Катастарот регистрирал уште 4.586 закупи на недвижен имот.

Бројките велат дека вкупната вреднот на купените недвижности достигнува високи 509 милиони евра.

Во анализата на Агенцијата е наведено дека има раст на бројот на купопродажби минатата година во вторите шест месеци во споредба со првите шест месеци во година.

Податоците покажуваат дека иако бројот на купопродажби регистрирани во Регистарот на цени и закупнини во периодот јули – декември 2022 година во однос на периодот јули – декември 2021 година е намален за 5 отсто, сепак има раст на бројот на купопродажби во споредба со периодот јануари – јули 2022 година. 

Имено во текот на јануари – јули 2022 година биле направени 11,632 купопродажби, додека пак во јули – декември 2022 година биле направени 12.997 купопродажби.

– Во второто шестмесечје од 2022 година најмногу купопродажби се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 2.810 купопродажби, додека во октомври се регистрирани најмалку купопродажби, и тоа 1.668 – се наведува во анализата на Агенцијата за катастар.

Бројките на Катастар покажуват дека во второто шестмесечје од 2022 година, најмногу закупи се регистрирани во ноември, и тоа вкупно 1.077 закупи, додека во август се регистрирани најмалку закупи односно 417.

Податоците покажуваат дека вкупната вредност на недвижнините издадени под закуп достигнала 2,321 илјади евра.

Притоа кај закупите исто така има раст во вторите шест месеци од годината споредено со првите шест. Имено, во периодот од јануари до јуни 2022 годиан имало 4.070 закупи, додека пак од јули до декември 2022 година биле регистрирани 4.586 закупи на недвижен имот.

Петранка Огнаноска 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе

14/04/2026
Македонија

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа

14/04/2026
Македонија

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе

14/04/2026
Македонија

ПИЈАН ВОЗАЧ УДРИ ВО ПИЈАН ПЕШАК ВО ОХРИД И ИЗБЕГА

14/04/2026
Македонија

Филипче: Со падот на Орбан, ќе бега ли Груевски во

14/04/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ НАМЕСТО ДА ГО ОПРАВИ СДСМ, ВРЕМЕТО ГО ТРОШИ НА

14/04/2026
Македонија

Крај на уцените и ветата? Најавата за гласање со квалификувано

14/04/2026
Македонија

ОБЛАК ОД САХАРСКА ПРАШИНА ДОАЃА КОН МАКЕДОНИЈА Времето ќе биде

14/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42450
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Мицкоски: Ако се врати во Македонија, Никола Груевски веднаш ќе оди во затвор

14/04/2026

Доколку поранешниот премиер Никола Груевски се врати од Будимпешта во Македонија, тој веднаш ќе биде спроведен во затвор, изјави актуелниот

Трката за минерали се засилува: каде е Македонија во оваа игра?

14/04/2026

Додека бројот на рудари во Македонија опаѓа, светот влегува во интензивна трка за критични минерали неопходни за зелената и дигиталната

Мицкоски: Очекувам Маѓар да води проевропски политики, за Груевски веќе е побарана екстрадиција

14/04/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше изборната победа на Петар Маѓар во Унгарија и ги сподели своите очекувања за идната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy