Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мадрид ги отфрли наводите на „Телеграф“: Нема докази дека прекинот на струја во Шпанија бил експеримент со обновлива енергија
Македонија

Мадрид ги отфрли наводите на „Телеграф“: Нема докази дека прекинот на струја во Шпанија бил експеримент со обновлива енергија

01/06/2025

AA

Шпанската влада остро ги демантираше наводите на британскиот весник Телеграф, кој минатата недела, повикувајќи се на „извори во Брисел“, објави дека големиот прекин на електрична енергија на Пиринејскиот полуостров на 28 април бил резултат на „експеримент со обновливи извори на енергија“ организиран од шпанските власти.

Според написот, шпанската влада наводно тестирала колку може да ја зголеми зависноста од обновливи извори во рамките на плановите за затворање на нуклеарните централи. Весникот предупреди дека доколку се покаже дека инцидентот бил таен експеримент, политичките последици за шпанската левица би биле сериозни.

Но, Мадрид категорично ги негира овие тврдења. Вицепремиерката Марија Хесус Монтеро изјави дека написот е „лажна вест“ создадена во интерес на корпоративни групи, обвинувајќи го Телеграф за манипулација со јавното мислење.

Дополнително, одделот за проверка на факти на Еуроњуз, „Еуроверифај“, потврди дека написот на Телеграф не е новинарски извештај туку уреднички коментар на колумнистот Амброз Еванс-Причард. Во него не се приложени докази, туку се користи прекинот за политичка критика на енергетските политики на владата на премиерот Педро Санчез.

Премиерот Санчез истакна дека „нема емпириски докази“ дека прекинот е поврзан со обновливи извори, обвинувајќи пронуклеарни лоби групи за создавање паника.

Компанијата Ред Електрика, која управува со електричната мрежа во Шпанија, исто така ги отфрли тврдењата на Телеграф, нарекувајќи ги „лажни и неосновани“. Тие потврдија дека не се спроведувал никаков реален експеримент и дека мрежата има компјутерски симулатори што се користат за сите неопходни тестови.

Енергетските експерти велат дека теоретски такви тестови се можни, но исклучително е неверојатно тие да предизвикале прекин од таков обем. Мануел Алказар-Ортега од Политехничкиот универзитет во Валенсија вели дека симулациите на мрежата не мора да се изведуваат во реалноста, бидејќи системот веќе има капацитет за дигитално тестирање.

Истражувањата покажуваат дека на денот на инцидентот, мрежата не била под екстремен товар од обновливи извори, бидејќи не бил период со највисока „пенетрација“ на зелена енергија. И покрај тоа, експертите предупредуваат дека стабилноста на мрежата може да биде компромитирана поради недостаток на инерција – карактеристика која ја даваат традиционалните електрични генератори, а не ветерните и соларните централи.

Според Европската комисија, Шпанија има обврска да поднесе технички извештај за инцидентот во рок од три месеци, додека паралелна истрага спроведуваат и европски експерти.

Во 2024 година, Шпанија произведе рекордни 56,8% од вкупната електрична енергија од обновливи извори. Сепак, недоволната поддршка со системи за складирање и балансирање може да ја зголеми ранливоста на мрежата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy