Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По апанажата, назад во угостителството: Лазе Таневски повторно управува со охридските хотели „Лаки“ и „Десарет“
Македонија

По апанажата, назад во угостителството: Лазе Таневски повторно управува со охридските хотели „Лаки“ и „Десарет“

01/06/2025

AA

Бизнисменот и поранешен пратеник Лазе Таневски се врати на чело на охридските хотели што ги менаџира, една година по истекот на неговиот мандат во Собранието и завршувањето на законски доделената апанажа. Како што објави Фактор, Таневски повторно е управител на хотелите „Лаки“ и „Десарет“ на охридското крајбрежје, преку компанијата „Теди Комерц“, заменувајќи ја Билјана Таневска.

Хотелот „Лаки и спа“ е препознатлив како еден од најлуксузните објекти во Охрид со отворен бар и базен, додека хотелот „Десарет“ во Пештани е во сопственост на акционерското друштво „ОхридТурист“, но се издава под закуп на компанијата на Таневски.

Таневски, кој беше претседател на СДСМ Охрид од 2017 година, во Собранието влезе како претприемач од приватниот сектор, за разлика од поголемиот дел од пратениците кои доаѓаат од јавната администрација. Мандатот му заврши во мај 2023 година, по што во текот на цела една година ја користеше апанажата, законско право на поранешни пратеници да добиваат плата од Собранието во висина од околу 2.000 евра месечно.

Како што потсетува Фактор, покрај Таневски, апанажа добиле уште 35 поранешни пратеници, меѓу кои се Арбен Зибери, Љатифе Шиковска, Енес Ибраим, Снежана Калевска Ванчевска, Маја Морачанин, Дарко Каевски, Жаклина Лазаревска и други.

Во текот на својата политичка кариера, Таневски беше предмет на критики од тогашната опозиција, која тврдеше дека тој ја користел партиската функција за вработување на блиски членови на семејството. Сепак, како што забележува Фактор, му се признава фактот дека во Собранието дошол од реалниот сектор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy