Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Мајка со голи раце го кршеше ѕидот за да влезе, а полицијата и синот на газдата само гледаа“
Македонија

„Мајка со голи раце го кршеше ѕидот за да влезе, а полицијата и синот на газдата само гледаа“

29/12/2025

AA

„Видов мајка како со голи раце го крши ѕидот за да влезе и да си го спаси детето. Тоа беше Габриела Наумова, мајката на Надица. Бараше помош да го скрши ѕидот бидејќи вратата беше претесна, но никој не ѝ помогна. Таа беше сама.“

Ова е најпотресната слика што пред судот ја пренесе Ирена Минова, која пристигнала пред „Пулс“ околу 02:50 часот. Таа сведочеше за очајот на родителите кои биле оставени сами на себе.

Минова упати директно и тешко обвинување кон полициски службеник и синот на сопственикот на дискотеката. Таа тврди дека слушнала група деца како бараат помош од прозорец со решетки на левата страна.

„Побараа помош од службеното лице Драган Петрушев… Таму го видов и Михајло, синот на газдата, како седи, а до него стоеше и полицаецот. Децата извикуваа и бараа спас, а тие стоеја и гледаа. Кога почна да паѓа и пука нешто, тие се повлекоа назад,“ рече Минова.

Мајката ја оспори одбраната на обезбедувањето и персоналот дека биле херои. „На вратата го видов обезбедувањето Лазар. Ги прифаќаше децата што излегуваа, но не видов дека некој влегува внатре да помага. Ако е точно дека сите спасувале, сега немаше да има ниту една жртва. Помагаа само оние што сега се веќе починати, бидејќи таму немаше простор да влезеш и излезеш жив,“ децидна беше таа.

Минова откри дека нејзиниот син (братот на Драгана) бил надвор за време на пожарот бидејќи претходно полицијата направила контрола, ги легитимирала и ги изнела малолетниците надвор. „Синот мислел дека е тепачка, па сфатил дека е пожар. Сакал да се врати по сестра му, но не успеал,“ раскажа мајката, додавајќи дека Драгана, за жал, останала внатре.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу

10/03/2026
Македонија

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен

04/03/2026
Македонија

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Владата се движи кон автократски модел и не остава

03/03/2026
Македонија

Битиќи: Буџетот не е во добра кондиција, дел од расходите

03/03/2026
Македонија

РЕФОРМИТЕ ВО ФОКУС НА ВЛАДАТА Мицкоски најави конкретни мерки за

03/03/2026
Македонија

Битиќи предупредува: Цената на гасот веќе е двојно повисока, Македонија

03/03/2026
Македонија

Ангела Николовска од Доха: Денеска е мирно, македонската амбасада работи

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДЕВЕТ ВОЗАЧИ ЗАВРШИЈА ВО СТАНИЦА Малолетници и пијан возач меѓу приведените

10/03/2026

Девет возачи вчера завршиле во полициска станица поради тешки прекршоци во сообраќајот, информираа од Министерство за внатрешни работи на Република

48 ЧАСОВЕН ПРИТВОР ЗА СОПРУГОТ ОД КАРПОШ Јовановски е осомничен за неколку кривични дела, ОЈО

04/03/2026

Судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје определи мерка краткотраен притвор од 48 часа против Стојанче Јовановски, сопругот

МЕТЕО ПРЕСВРТ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Магла наутро, повеќе облаци попладне

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со услови за појава на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy