
Мајка си го нападнала синот со остар предмет – полицијата ја приведе!
На 30.07.2025 во 17 часот во Дебар, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар затоа што околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.