Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Македонски Телеком продолжува со раст и инвестиции и во првите шест месеци на 2025 година
Македонија

Македонски Телеком продолжува со раст и инвестиции и во првите шест месеци на 2025 година

31/07/2025

AA

Македонски Телеком ja заврши првата половина на 2025 година со финансиски раст и инвестиции во развојот на инфраструктурата што е клучно за дигиталната трансформација на општеството. Продолжува трендот на раст во сите сегменти, зголемување на бројот на корисници, ширење на мрежата и фокус на најдоброто корисничко искуство.

Вкупните капитални инвестиции (CAPEX) на крајот од првите шест месеци од 2025 година изнесуваат 1.165 милиони денари, наспроти 721 милион денари на крајот од истиот период од минатата година. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 2,7 проценти споредено со минатата година, а нето добивката бележи раст од 3,8 проценти. И приходите од продажба на крајот од првите шест месеци од 2025 година се зголемени за 0,6%.

Нашата посветеност на креирање и спроведување паметни решенија доведе до зголемување на приходите од системската ИТ интеграција за дури 56,8 проценти.

Најдобра и најбрза мрежа во Македонија

Македонски Телеком повторно ја освои престижната Ookla® награда за најдобра мрежа. Резултатите од мерењата покажаа најголема брзина на мобилната и фиксната мрежа и најдобра мобилна мрежа во првата половина на 2025 година. Супериорноста на мрежата е резултат на долгорочно и стратешко инвестирање за ширење и модернизација на мрежата и развој на нови технологии. Нашата 5G мрежа е достапна за 97% од населението во Македонија со гигабитни брзини во речиси сите градови во државата. Бројките го потврдуваат лидерството и во делот на оптичката инфраструктура со која покриваме 60% од домаќинствата или 354 илјади пристапи до оптика што е речиси двојно повеќе во споредба со сите останати оператори на пазарот заедно и 7,4 проценти повеќе споредено со истиот период од претходната година.

Раст на базата на корисници и лидерство

Нашата посветеност да обезбедиме супериорно корисничко искуство донесе зголемување на бројот на корисници и лидерство во сите сегменти.

Бројот на корисници на широкопојасен интернет е зголемен за 3,9 проценти и изнесува 221,2 илјади, а вкупниот број на интернет пристапи порасна за 3,8 проценти. Во мобилните комуникации, базата на корисници е стабилна со 1,27 милиони. Во фиксната телефонија, останавме на водечката позиција со 235 илјади корисници. На ТВ пазарот остануваме на лидерската позиција со удел од 37 проценти. Новата генерација дигитална телевизија – MagentaTV е одлично прифатена што донесе и раст од 7,1 проценти или 164 илјади корисници.

Со првата дигитална програма за наградување и поволности за корисниците – Magenta Moments, достигнавме 318 000 корисници. Според TRI*M индексот за мерење на задоволството на корисниците, ние сме број 1 телекомуникациски бренд во Македонија.

Зголемување на заработката по акција и на дивидендата

Успешните резултати на компанијата доведуваат и до повисока заработка по акција како и дивиденда за акционерите.

Заработката по акција за 2024 година бележи раст од 7,7%. Бруто износот на дивидендата по акција за 2024 година е зголемен за 7,7% во споредба со исплатената дивиденда по акција за 2023 година.

Ова е потврда дека нашата стратегија и технолошко визионерство одат во вистинската насока и се препознаени од корисниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy