
МАЈКА НА ЗАГИНАТО ДЕВОЈЧЕ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: На тоа место треба да се изгради меморијален центар
Родител на дете загинато во масакрот во Белград кој се случи на почетокот на месецов, вели дека училиштето веќе не треба да постои и да работи.
Мајката на 13-годишната Софија, една од десетте жртви на масакрот во Врачар за српски „Курир“ изјави дека учлиштето „Владислав Рибникар“ треба да се сруши и да се изгради меморијален центар на негово место.
„За мене основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар не е повеќе училиште од 3 мај (кога се случи злосторството). Тој ден беше уништен и ниедно дете не смее повторно да стапне таму да оди на настава, бидејќи тоа не е нормално. Не смее повеќе да биде училиште. На тоа место треба да се изгради меморијален центар“, вели таа.
